Кошмар за терористите: Најсмртоносното руско оружје

Руското оружје внесува хаос во редовите на терористите во Сирија. Од што најмногу се плаши непријателот?

Во борбата против „Исламската држава“ на Блискиот Исток Русија тестираше многу модели стрелечко и крупно оружје, од пушки до стратешки бомбардери.

Russia Beyond го претставува најсмртоносното конвенционално оружје кое Русија денес го поседува.

Крстосувачки ракети Калибар

Можностите на овие крстосувачки ракети за првпат беa демонстрирани во 2015 година за време на руската кампања во Сирија кога Касписката флотила со помош на овие ракети уништи терористички објекти на оддалеченост од 1.500 километри. 

Крстосувачките ракети Калибар летаат со суперсонична брзина ниско над земјата, следејќи го релјефот. Поради тоа непријателските системи за одбрана не можат лесно да ги соборат, а да не зборуваме за терористите кои имаат само артилерија и рачни противвоздушни системи.

Секоја ракета носи боева глава тешка 500 килограми чија експлозија уништува сè во радиус од неколку стотини метри. Калибар е еден од најпрецизните видови оружје. Може да уништи цел оддалечена на 2.500 километри со прецизност од 30 метри.

Носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ 

Носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“

Вистински „тешкаш“ на руската армија и единствен носач на авиони в Руската воена морнарица. Оваа грдотија може да носи 50 авиони. Бродот е направен пред 35 години, а за првпат е применет во воената операција во Сирија кон крајот на 2016 година, каде помина 3 месеци, учествувајќи во борбата против терористите. 

Во моментов „Адмирал Кузнецов“ се наоѓа на ремонт кој чини 40 милијарди рубли (708 милиони американски долари). Неговиот застарен ракетен систем „Гранит“ ќе биде заменет со лансери кои можат да ги исфрлаат новите руски крстосувачки ракети „Калибар-НК“. Носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ ќе биде опремен со ракети „Циркон“. Ова се први ракети кои имаат развиено хиперсонична брзина за време на тестирањата во Русија. 

Производителот исто така треба да го реши прашањето за полетување и за слетување, со оглед на тоа дека бродот има изгубено два авиона поради проблеми на палубата. „Адмирал Кузнецов“ и понатаму ќе ги носи ловците МиГ-29К/КУБ и Су-33. 

Руски „Терминатори“ 

Овие оклопни возила за давање поддршка на тенковите во блиските улични борби исто така имаа огнено крштевање во борбата против терористите во Сирија. 

„Терминатор 2“ има четири ракетни лансери 9М120 „Атака“, два автоматски топа 2А42 со калибар од 30 милиметри, два фрлачи на гранати АГ-12Д и еден митралез со две цевки ПКТМ со калибар од 7.62 милиметри. Тоа е прилично солиден комплет за оклопно борбено возило направено врз база на тенкот Т-14 „Армата“.

Претходната верзија на „Терминатор“ имаше уште повеќе оружје и можеше да уништува по три цели истовремено. Новиот модел ги нема автоматските лансери АГС-12 и може да гаѓа една цел, но затоа е поевтин. „Терминатор 2“ во следните години ќе ѝ биде испорачан на руската армија. Конечниот број нарачани возила ќе се знае кога Министерството за одбрана ќе го објави планот за набавка на оружје за периодот 2018-2025.

„Белиот лебед“

Авионот Ту-160М2 го доби називот „Бел лебед“ поради елегантните крилја, долгиот бел труп и заострениот клун. 

Денес ова е најголем руски бомбардер. Може да носи 40 тони наведувачки и ненаведувачки бомби и ракети, како и ракети со нуклеарни боеви глави. 

Авионот може да уништува цели надвор од дострелот на системите за ПВО со помош на новите крстосувачки ракети Х-101 и Х-555, кои исто така беа тестирани во Сирија. 

И покрај тоа, овој авион за 15 години ќе биде заменет со новиот стратешки бомбардер ПАК ДА, кој според производителите, ќе може да уништува непријателски положби без да го напушти воздушниот простор на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња