Војници на сириската армија во Џобар, предградие на Дамаск.
Андреј Стенин/РИА „Новости“Одредите на регуларната сириска војска со кои командува генералот Хасан Сухел со голема поддршка од авијацијата на Воздушно-космичките сили на Русија денеска во долината на реката Еуфрат на подрачјето на градот Ганем Али во целост ја уништија борбено најефикасната и многу добро вооружена група на „Исламската држава“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Во операцијата се уништени преку 800 терористи, 13 тенкови, 39 пикапови со тешки митралези, девет минофрлачи и артилериски орудија, соопшти рускиот воен ресор.
Во овој момент групата на сириските владини сили под команда на Хасан Сухел забрзано ја шири офанзивата по должината на источниот брег на реката Еуфрат во правец на Деир ез Зор со намера да го деблокира градот и да го уништи последното упориште на терористите на „Исламската држава“ на сириска територија, пренесува телевизија „Ѕвезда“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче