Русите не забораваат на своите потреби: Војската го доби вториот систем С-400 за година дена

Наука и технологија
ИВАН МОРОЗОВ
Руските Вооружени сили вторпат годинава добија полковски комплет противвоздушен ракетен систем С-400 „Триумф”, соопшти прес-службата на концернот „Алмаз-Антеј”.

„Концернот на воздушно-космичката одбрана „Алмаз-Антеј“ му го предаде на Министерството за одбрана на Русија вториот полковски  комплет противвоздушен ракетен систем С-400 „Триумф“. Свечената  церемонија е одржана на територијата на полигонот Капустин Јар во Астраханската област. Тестирањата при примопредавањето се успешно спроведени”, пренесува „Взгљад”.

Американски експерт претходно изјави дека С-400 „Триумф” и крстосувачките ракети „Калибар” се најмоќното и најмодерното оружје на руската војска.