Рускиот противвоздушен ракетен систем С-400 „Триумф” поседува единствени борбени можности и е практично неуништлив, смета американскиот експерт за безбедност Тајлер Роговеј.
Експертот е уверен дека рускиот ПВО систем е толку квалитетен што не може да биде уништен од американскиот авион Боинг EA-18в „Гроулер”(EA-18G Growler) ниту со кое било друго вооружување кое би дејствувало без поддршка. Рускиот ракетен систем е особено опасен кога претставува дел од комплексниот систем за ПВО, пренесува РИА „Новости”.
Роговеј истакнува дека против системот С-400 ефикасен може да биде може само сложен систем кој опфаќа радио-електронски средства, набљудувачки системи и анализа на сите можни планови за напад.
Противвоздушниот ракетен систем С-400 „Триумф” е наменет за уништување авиони кои предизвикуваат електронски пречки, авиони за радарско откривање и управување, извидувачки авиони, авиони на стратешка и тактичка авијација, балистички ракети, суперсонични цели и напредни средства за воздушен напад.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче