Американските експерти наведоа кое руско оружје ги промени „правилата на игра” на Блискиот Исток

С-400

С-400

Сергеј Малгавко/RIA Novosti
Руските противвоздушни ракетни системи С-400 „Триумф” предизвикуваат сериозна загриженост кај американските медиуми. На експертите особено тешко им паѓа тоа што за ова вооружување се заинтересирани земји од Блискиот Исток.

Како што пишува „Национален Интерес“, системот С-400 е толку ефикасен што ги менува „правилата на игра” во регионот. Магазинот потсетува на интересот што за овој систем веќе го покажаа Саудиска Арабија и Турција, а исто така наведува и дека некои други земји го имаат системот С-300, кој е претходник на С-400. 

Специфичноста на рускиот систем С-400 се состои во тоа што тој може да истрелува различни ракети-пресретнувачи со дострел од 400, 250, 120 и 40 километри. Како пример за споредба во текстот се наведува дека американскиот систем „Патриот“ кој има само ракета со дострел од 96 километри.

„Национален Интерес“ смета дека круна на рускиот систем е ракетата  9M96E2, која постигнува брзина од околу 5000 метри во секунда или 18500 километри на час и може да уништи цел на само пет метри над земјата. Оваа ракета може да маневрира со забрзување до 20G. (Додека човекот, дури и ако има специјален шлем и скафандер, може дури неколку секунди да издржи забрзување од 9G.) Ваквата ракета може да се користи против нисколетечки цели и крстосувачки ракети.

Но ни тоа не е сѐ. Како што истакнува еден од водечките светски стручњаци во сферата на аерокосмичката индустрија доктор Карло Коп, С-400 има дополнителни радари за борба против „невидливи” авиони во чие производство се користи стелт технологија. Се работи, меѓу другото, за американските F-22 и F-35.

С-400 исто така може успешно да се користи за соборување на непријателски авиони со радарски системи со голем радиус. Освен тоа, рускиот систем е ефикасен и против балистички ракети.

„Национален Интерес“ признава дека Русија постигнала значаен успех во сферата на продажба на ова оружје, меѓу другото, и на земјите од НАТО и сојузници на САД.

„Русија постигна вистински продор и на технолошки план. САД не можат да понудат систем кој би бил конкуренција на С-400, а не би сакале овој систем да се прошири. Но, веќе е предоцна да се преземе било што“, заклучува американскиот магазин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња