Како што пишува изданието „Њузвик“, воените кругови го оценуваат штотуку завршеното тестирање како многу значаен настан.
Според верзијата на наведеното издание, немало официјална информација за тестирањето и можностите на овие руски ракети, но се знае дека тоа е продолжение на програмата за модернизација на руското оружје.
Споменато е и претходното тестирање на системот „Искандер-М“ во средината на септември кога од полигонот „Капустин Јар“ во Астраханската област успешно е лансирана ракета од овој систем на максимална далечина од 480 километри.
Важно е да се истакне дека „Искандер-М“ не ги крши условите на Договорот за ликвидација на ракетите со мал и среден дострел и го заменува советскиот ракетен систем „Ока“, кој е опфатен со овој договор и поради тоа е ликвидиран.
Како што пишува „Њузвик“, поради сето тоа „Искандер-М“ предизвикува загриженост.