Оваа црна LADA 4x4 не изгледа не е само лесна за око, исто така е и многу функционална. Тротоарите и длабокиот снег не се ништо за овие тркала.
Можеби е тешко да се поверува, но овој теренско баги некогаш беше НИВА. „Малиот пајак“ - како што го нарекува сопственикот - не само што се трка, туку ги крстосува и планините.
„Шериф“ – ниеден криминалец нема да може да му избега на овој ѕвер од LADA.
Сакате да го почувствувате ветерот во вашата коса? Па, оваа LADA Niva нема покрив, само метални шипки, но тоа можеби не е најдобриот избор за возење за време на жестоките зими во Русија.
Подигнатите амортизери и зајакнатите гуми на ова лошо момче овозможуваат да се освојат длабоките шуми и непроодниот терен на рускиот Сибир.
Пламените што ги лижат страните кажуваат сѐ. Оваа NIVA не би изгледала како да не припаѓа на шоуто „Монстер Џем“ во САД. Се вика Црвен камен.
Погледнете го ова фраерско возило! Нови бандажи, фарба...и шоу-девојка!
Дали некогаш сте виделе автомобил кој како да припаѓа на калливо мочуриште?
Овој пастув му дава дополнителен стил на семејството на LADA Niva. Се вика „Козак“ и може да се вози по улиците на Краснодар, главниот град на кубанските козаци. Топлата клима во регионот е совршена за кабриолет.
Сопственикот на оваа Niva вели дека му помогнала да ги посети местата за кои само сонувал - навистина е совршена за оф-роуд.