„АМ-17 е конструиран како лесно и компактно оружје. Со склопен кундак е долг само 50 сантиметри, а без полн шаржер тежи околу 2,5 килограми. Веќе овие два фактори значително го олеснуваат ракувањето во затворен простор каде на борецот покрај огнената моќ му се потребни и брзина и можност за маневар“, изјави за порталот Russia Beyond воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Литовкин.
Покрај тоа, новите модели немаат некакви класични советски и руски компоненти. На пример, новиот АМ-17 нема капак на сандакот, а сандакот се состои од два дела.
Како што соопштува концернот „Калашников“, тоа се два „рисивери“ споени со зглоб и фиксирани во работна положба. Кога треба да се расклопи и исчисти автомат, борецот го „прекршува“ на два дела.
„АМ-17 е конструиран за куршумите 5,45х39 милиметри. Рамката прима 30 куршуми и има „засек“ од страните за да може борецот да види колку куршуми останале по стрелањето. Покрај тоа, ова оружје може да се приспособи за оние кои пукаат со лева рака“, додава експертот.
Како и сите модели кои концернот „Калашников“ ги произведува последниве неколку години, и ова оружје има Пикатини шина, а со самото тоа и можност за монтирање на потребните нишани, вклучувајќи ги и колиматорските нишани. Кундак може да се приспособува.
„При конструирањето на ова оружје се земени предвид сите нијанси на моделот АКС-74У, и сега леснотијата за ракување е на прво место. Најдобриот пример е можноста за подесување на кундакот. Сега борецот не мора да се снаоѓа среде борба кога е во панцирна униформа или носи други средства за заштита“, истакнува аналитичарот.
Кога ФСБ, ФСО и Росгвардија ќе го добијат ова оружје?
Како што нагласува експертот, АМ-17 и неговата бесшумна верзија АМБ-17 засега се направени во неколку пробни примероци, а во рацете на припадниците на внатрешните безбедносни структури ќе се појават 2018 или 2019 година.
„Сега е во тек конструкторското тестирање, по што првата партија вакви автомати ќе биде испратена на борбено тестирање на припадниците на специјалните единици. Мислам дека АМБ-17 ги има сите шанси да го замени бесшумниот малогабаритен автомат „Вал“. Во секој случај, треба да се почекаат резултатите од борбеното тестирање. Оружјето кое денес многу ветува сепак треба да се покаже на дело“, заклучува Литовкин.