Видео: Главниот руски ривал на авионите на „Боинг“ и „Ербас“ првпат леташе меѓу два града

Наука и технологија
РИНА БИКОВА
Новиот руски патнички авион МС-21-300 првпат леташе на релација меѓу два града, од Иркутск до Москва.

Пробниот модел на авионот МС-21-300 леташе од аеродромот на Иркутската фабрика за авиони до аеродромот на Летечко-истражувачкиот институт „Громов” во градот Жуковски во Московската област, се наведува на сајтот на корпорацијата „Иркутск”.

Авионот за шест часа прелета околу 4500 километри на висина од околу 10 илјади метри. „Летот помина регуларно. Сите системи функционираа без пречки“, изјави капетанот на авионот, пробниот пилот, херој на Русија Олег Кононенко.