Во Русија се развива оперативен систем за авиони, а прв го добива новиот МС-21

Александар Корољков
Стручњаците во Русија развиваат оперативен систем за новиот домашен патнички авион МС-21. Во таа работа е ангажиран Државниот научно-истражувачки институт за воздухопловни системи со учество на експерти отстрана.

Сопствениот оперативен систем ќе овозможи домашната разработка да се заштити од можните санкциски ограничувања на западните земји. Нарачател е Министерството за индустрија и трговија на РФ.

Оперативниот систем е развиен во рамките на научно-истражувачка работа без врзување за одреден авион. Институтот е притоа насочен кон негова примена во состав на новиот руски патнички авион МС-21. Во развојот се вклучени и соизведувачите, а главен меѓу нив е Институтот за системско програмирање при РАН.

Во овој момент цивилните авиони користат неколку странски оперативни системи за работа во реално време RTOS, како што се, на пример, MACS2, LynxOS-178, VxWorks 653, PikeOS. Странските оперативни системи се користат меѓу другото и на авионите SuperJet-100. Меѓутоа, постојат очигледни ризици во нивната примена од страна на домашните претпријатија за изработка на уреди поради санкциската политика на западните земји, поради што е и почната работата над домашниот RTOS, , пишуваат руските медиуми.

За разлика од класичните оперативни системи RTOS е создаден за управување со апликации кои пристигнуваат како што пристигнуваат, во реално време, без одлагање во клипбордот. Според еден од експертите вклучени во неговото креирање, системот го добил називот JetOS. 

Веќе постои работен прототип на RTOS кој функционира на платформата на домашните стручњаци. Сертификацискиот пакет кој одговара на барањата на воздухопловните власти на Русија во склоп со склучените договори се очекува кон крајот на 2019 година, вели Министерството.

„Две години трае работата, само на кодот се работи околу година дена. OS практично постои и активно се тестира, меѓутоа има уште многу работа. Во цивилната авијација постојат високи барања за квалитетот на кодот, а се бараат и многу дополнителни нешта“, тврдат експертите вклучени во проектот.

„Решението е универзално, флексибилно, скалабилно и ажурно. Во споредба со постојните системи тоа е нова генерација. Треба да направиме чекори во таа насока за да останеме на пазарот, затоа што оние кои не работат немаат перспектива“, изјави за „Известија“ главниот уредник на стручниот билтен „Авиапорт“ Олег Пантелеев.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња