Испораките на најновиот руски патнички авион МС-21 може да достигне илјада единици до 2037 година, изјави министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров.
„Исполнувањето на декларираните технички и економски карактеристики, создавањето современ систем на интегрирана логистичка поддршка и постпродажни услуги, како и формирањето на поволни финансиски модели на продажбата ќе овозможат да се постигне вкупниот обем на испораки на МС-21 повеќе од 1 илјада авиони во периодот до 2037 година“, изјави Мантуров, пренесува „Лента.ру“.
Според него, рускиот авион ќе им овозможи на авиопревозниците да ги намалат оперативните трошоци од 12-15 отсто во споредба со авионите од истата класа и за 6- 7%, ако се споредуваат со нивните модернизирани верзии.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче