Електричниот автобус на ГАЗ успешно ги помина тестирањата

Наука и технологија
ИГОР ГРЕКОВ
Седум месеци траеше проверката на функционирањето на новиот вид јавен превоз на улиците на Москва.

За тоа време електричниот автобус превезе повеќе од 25 илјади патници и помина повеќе од 13 илјади километри. Тоа беше единствениот прототип кој ги превезуваше граѓаните на една линија на градскиот превоз.

Во секое годишно доба и на сите временски услови електричниот автобус покажа стабилни параметри. Треба да се истакне дека сите системи на возилото функционираа регуларно, и покрај големите температурни разлики од -35 до +35 степени Целзиусови. За време на тестирањето автобусот дневно поминуваше околу 220 километри со две полнења на батеријата.

Групацијата ГАЗ најавува дека унапредениот модел на својот електричен автобус ќе го претстави веќе за неколку месеци. Новата модификација ќе има неколку специфични карактеристики, на пример, поинакви батерии и супербрзо полнење.