Т-50 (ПАК ФА), ловец од петта генерација.
Global Look PressАвтомат АК-12
Автомат АК-12 калибар 5,45 мм и полуавутоматска пушка со мазна цевка „Сајга 12“ (модел 340 калибар 12 мм) на Меѓународниот воено-технички форум „Армија 2015“ во Кубинка.
Александар Вилф/RIA NovostiКон крајот на годинава Министерството за одбрана на Русија ќе добие нова автоматска пушка место сегашниот прочуен автомат АК-74.
Руските воени експерти сметаат дека воениот врв покрај АК-12 ќе ја нарача и АЕК-971. Првиот модел ќе го користат обичните војници, а вториот ќе го добијат специјалните единици.
На прв поглед АК-12 изгледа како модифицирана верзија на АК-74 затоа што и таа има калибар 5,45 мм. Меѓутоа, новата автоматска пушка има помодерен ергономски облик и интегрирана Пикатини шина, така што на ова оружје можат да се монтираат различни оптички нишани и други дополнителни уреди. Може да се додаде и вертикална дршка, лампа и ласерски нишан.
Автоматот има кундак на расклопување и нов шаржер во кој војникот може да види колку куршуми му останале. Ова е идеално оружје за трупите кои ќе ја носат новата опрема „Ратник-2“.
Важна карактеристика на автоматот АК-12 се четирите режими: безбедниот, полуавтоматскиот, два поврзани истрели и потполно автоматскиот. Тој има помало трзај од сите претходни модели на автоматот „Калашников“, а колиматорските нишани лесно се монтираат и го прават уште попрецизен.
Интерконтинентална балистичка ракета „Булава“
Лансирање на ракета „Булава“ од подморница.
Министерство за одбрана на РФСо нетрпение се очекува и интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“. Производителот е во процес на тестирање на ова оружје, по што ракетите ќе бидат испорачани на руската воена морнарица.
„Булава“ ќе се лансира од нуклеарните подморници од Проектот 955 „Бореј“. Секоја од нив може да носи 16 ракети чиј дострел е 8000 километри. Секоја ракета развива надзвучна брзина и има моќност од 150 килотони.
Во Русија до 2020 година ќе се појават осум подморници од класата „Бореј“ кои ќе бидат опремени со интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“. Засега не е дефинирано колку ракети ќе носи една подморница. Министерството за одбрана на РФ ќе донесе одлука за тоа во текот на наредните месеци.
Су-57, ловeц од петта генерација
Авион-ловец „Сухој“ Т-50 ПАК ФА од петта генерација на аеро-митингот „МАКС 2017“ недалеку од градот Жуковски, Московска област, Русија.
Леонид Фаерберг/Global Look PressЖелно се очекува и новиот авион-ловец од петта генерација Су-57, кој претходно ја носеше ознаката Т-50/ПАК ФА.
Овој авион првпат ѝ беше претставен на јавноста 2011 година на аеро-митингот МАКС во Подмосковје, а се очекува дека тој ќе биде конкуренција на американскиот ловец F-22 „Raptor“. Рускиот ловец од петта генерација развива надзвучна брзина од 1,6 маха (повеќе од 2000 км/час). Новите ловци би требало да ѝ бидат испорачани на руската воена морнарица во 2020 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче