Лaкот на „Кримскиот мост” подигнат 35 метри над вода

Наука и технологија
ИВАН МОРОЗОВ
Процесот на подигање на конструкцијата тешка 5000 тони траеше околу 5 часа, по што во текот на ноќта лакот беше прицврстен на носечките столбови.

„Конструкцијата е подигната без отстапување, прецизно во рамките на просторот меѓу двата столба“, се наведува на порталот посветен н „градежниот зафат на векот“. „За подигањето се користени дигалки поставени на помошните платформи на столбовите“.

Во овој потфат се користени 12 моќни дигалки од кои секоја може може да подигне 650 тони. Подигањето и монтирањето на лакот на мостот од водата е реализирано првпат во историјата на руската мостоградба.

Според планот, патниот сообраќај преку мостот ќе биде пуштен веќе во декември 2018 година, а првите возови преку Керченскиот теснец ќе поминат во декември 2019 година.