Група научници од Далекоисточниот федерален универзитет изврши експерименти на длабокоморска змијовидна морска ѕвезда, животно уловено пред две години во текот на експедицијата во Охотско море на длабочина од околу 3 илјади метри.
Се покажа дека екстрактот од длабокоморска змијовидна морска ѕвезда е ефикасен во борбата против ракот на дојката, најподмолниот облик на оваа болест која годишно одзема околу 200 животи. Како што објаснија научниците, екстрактот ги запира патолошките мутации во клетките на туморот кои го предизвикуваат нивниот неконтролиран раст.
Стручњаци го проучија најсмртоносниот подвид на ракот на дојката (трикратен негативен фенотип) и ја открија причината за неконтролираното множење на клетките на туморот. Тие во биохемискиот пат на пренос на информации во клетките открија посебни мутации.
Се покажа дека алкохолниот екстракт на змијовидната морска ѕвезда Ophiura irrorata може стопроцентно да ги „исклучи“ тие промени и да го запре растот на туморот. Притоа добиената супстанца не е токсична, односно не влијае негативно на клетките.
Како што се истакнува, одгледувањето „роднина“ на змијовидната морска ѕвезда ќе биде многу тешко затоа што за тоа е потребен притисок како оној на длабочина од три илјади метри, а нејзините плитководни сродници се токсични.
Руските истражувачи од Физичко-математичкиот институт разработија специјална метода која овозможува да се дефинира онколошкиот статус на пациентите со помош на теоријата на веројатноста и на тој начин благовремено да се преземат ефикасни превентивни мерки.