Системот „Онкоробот“ ќе се појави во Русија следната година, пишува весникот „Известија“ повикувајќи се на претставник на Централниот научко-истражувачки и експериментално-конструкторски Институт за роботика и техничка кибернетика (ЦНИИ РТК).
„Специјализираните медицински установи веќе пројавуваат интерес за оваа разработка. Првиот пробен модел ќе биде направен до крајот на 2018, неговите испитувања ќе траат уште околу една година“, се вели во материјалот.
Роботот-хирург е наменет за контактна радијална терапија на рак на простата.
„Системот за управување ќе овозможи во реално време да се управува со движењето на хируршкиот инструмент (игли-интрастати) под контрола на интерстицијалната визеулизација врз база на ултразвук“, изјави за „Известија“ раководителот на проектот, заменик-директор за научна работа на ЦНИИ РТК Николај Грјазнов.
Уредот ќе претставува манипулатор со шест степени на движење, со механизам за контрола на движењето на иглата во мекото ткиво на пациентот и ултразвучниот систем за визеулизација. Системот врз база на персонален компјутер ќе може да работи во рачен, полуавтоматски и автоматски режим.
Партнер на проектот е Научно-производствената асоцијација „Сплав“, која е дел од „Ростех“. Од Министерството за образование на Русија додаваат дека обезбедуваат финансиска помош за истражувачите и истакнуваат дека новиот систем ќе може да ја подобри ефикасноста на третманот на канцерогените заболувања, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче