Шојгу: На вежбите „Запад 2017“ разработена техника на давање отпор на ИД

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
На вежбите „Запад 2017“ во Русија и Бeлорусија во септември е увежбувана техника на давање отпор на терористите на „Исламската држава“, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

Проверката на борбената ефикасност на распоредена група е вршена со помош на „непријателски единици“ кои се обучени со земање предвид на сеопфатните анализи на тактиката бандитските формации на „Исламската држава во Сирија“.

Министерот рече дека единиците увежбувале маневарски и разузнавачко-извидувачки дејствија за уништување и блокада на бандитските формации на ИД.

Шојгу нагласи дека уништувањето на терористите е реализирано со масовна концентрирана примена на сите видови вооружување и воена техника. Меѓу другото, во нападот биле ангажирани системи на високопрецизно оружје со голем дострел со поморско и копнено базирање.

Како специфичност на вежбите тој го истакна формирањето групации во краток рок. Тие се формирани врз база на борбено подготвени во мирнодопско време воени единици со висока мобилност.

Минатата недела Шојгу соопшти дека сите цели на заедничките руско-белоруски вежби се реализирани и дека војската се вратила во своите бази.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња