3 причини поради кои би требало да ја следите најголемата руско-белоруска воена вежба

Руски војници на тактичка вежба со специјалните единици на Јужниот воен округ

Руски војници на тактичка вежба со специјалните единици на Јужниот воен округ

Виталиј Тимкив/RIA Novosti
Сценариото на воената вежба потсетува на холивудски блокбастер – група бунтовници организира сојуз со цел рушење на руската и белоруската влада

1) Една од најголемите руски воени вежби во историјата

Да, вистина е – ќе биде огромна! Русија и Белорусија на полигоните носат повеќе од 12700 војници за да ја унапредат соработката во текот на воените вежби „Запад-2017“ (14-20 септември) и да му покажат на светот на што сѐ се способни во борбата против терористите.

Сето тоа ќе се следи секојдневно во меѓународните медиуми и ќе се прикажува на ТВ-екраните и на интернет.

2) Ќе видите како војската се носи со терористите

Милитантите прогласуваат три независни држави (Вејшнорија, Весбанија и Лубенија) на територијата на земјите и потоа ги користат сите свои сили и оружје за да ги поразат владејачките режими. Но, една од самопрогласените држави се обидува не само да ја собори владата, туку и да припои дел од териториите на соседните земји.

Затоа Русија и Белорусија се здружуваат за да се борат против внатрешната закана насочена кон нестабилност и нереди во источна Европа.

3) Новите руски оклопни возила во акција

Министерството за одбрана на Русија на сцената носи околу 700 лесни и тешки оклопни возила за да ги елиминира терористите. А тоа се само силите на копно.

Покрај нив, во вежбата ќе учествува и најмоќната руска воена флота – Северната флота – како и најновите руски млазни авиони и хеликоптери кои од висините ќе ја набљудуваат ситуацијата.

Така на своите ТВ-екрани повторно ќе ги видите Су-35, Су-30СМ, Ми-28 и Ми-35.

Руската авијација пристигна во Белорусија: почнува големата воена вежба „Запад-2017“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња