Со цел формирање на радарско-набљудувачки поле на најопасните воздушни коридори кои непријателот може да ги искористи за можен ракетен напад, единиците за ПВО и ПРО на Западниот воен округ се ставени во степен на целосна борбена готовност. Овие единици по тревогата реализираа марш, излегоа на терен и за многу кратко време зазедоа распоред за извршување на борбени дејствија.
Во текот на вежбите „Западот-2017“, единиците за ПВО ќе извршуваат задачите поврзани со неутрализирање на евентуален воздушен напад од условен противник, врз позициите на копнената војска непосредно на фронтот, како и обезбедување на длабочината на фронтот (логистика, командни центри, цивилни населби, индустриска и патна инфраструктура). Целта на овие состави е, во координација со ловечката авијација, извршат пресретнување и соборување на непријателски воздушни објекти кои на вежбата во основа ќе се состојат од имитации на голем број на крстосувачки ракети, беспилотни летала, но и непријателски авиони-ловци и бомбардери.
Покрај единиците за ПВО и ПРО, и авијацијата изврши прелет на сите оперативни аеродроми и стапи во режим на целосна борбена готовност. Оттаму таа стапи во врска со командно-штабниот центар кој раководи со вежбата „Запад-2017“, како и со останатите сегменти во рамките на системот за радарско набљудување и јавување, како и со елементите на ПВО и ПРО.
На првата борбена линија се наоѓаат ловците Су-27, Су-30CM, Су-35С и Миг-31, кои веднаш по тревогата полетаа и воспоставија воздушна доминација над поширокото подрачје на операцијата. На местото на базирање, кое во основа го сочинува мрежа од воени и цивилни аеродроми, слета и големите воено-транспортни авиони Ил-76 кои ја префрлија оперативната команда на инженерскиот состав за техничка поддршка, како и техниката за одржување и евентуална поправка на ангажираните летала, како и инфраструктурата на аеродромите.
Единиците на Балтичката флота ги извршија сите воведни задачи кои подразбираат организација на одбранбената фаза на битката во услови на непосреден борбен контакт со непријателот. Тие на воениот полигон „Правдински“, кој се наоѓа во Калининградската област, ги одбија сите напади на непријателот, а потоа со тактика на активна одбрана целосно го разбија на главните правци на ударот. Во операцијата учествуваа моторизираните единици на Балтичката флота, во координација со морнаричките специјални сили. На сите точки на фронтот во целосен обем е ангажирана артилеријата, а за конечен крах на непријателскиот напад и негово гонење се ангажирани оклопните единици.
3 причини поради кои би требало да ја следите најголемата руско-белоруска воена вежба
Руската авијација пристигна во Белорусија: почнува големата воена вежба „Запад-2017“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче