Во текот на истоварувањето единиците на моторизираната бригада на четири повеќенаменски оклопни транспортери МТ-ЛБВ реализираа симулиран напад на непознат терен на Арктикот. Со поддршка од јуришните трупи на морнаричката пешадија од големиот противподморнички брод „Североморск” припадниците на моторизираните единици го зазедоа крајбрежниот терен, а по подготовката реализираа боеви гаѓања со автоматски пушки, митралези и минофрлачи, симулирајќи ликвидација на диверзанти.
mil.ru
За време на шестата арктичка мисија исто така е реализирано истоварување и се увежбани борбени дејствија со елементи на препад на најсеверната точка на евроазискиот континент (на ’ртот Челјускин) и на брегот на островот Котељни кое му припаѓа на архипелагот на Новосибирските острови.
mil.ru