Руската армија наскоро добива нови системи „Панцир-СМ“ со ракети со дострел од 40 км

Наука и технологија
СЛОБОДАН ЃУКИЌ
Руската армија планира во најскоро време во своите редови да ја прими најновата модернизација на хибридниот топовско-ракетен систем „Панцир-СМ“. Оваа верзија на системот ќе се одликува со ракети кои ќе имаат практично двојно поголем дострл од постојната верзија која во моментов ја има руската војска.

Како што пренесува РИА „Новости“, работите над новиот „Панцир-СМ“ со ракети со зголемен дострел ќе бидат завршени веќе наредната, 2018 година. Оваа информација на новинарите им ја пренесе заменик-министерот за одбрана на РФ Јуриј Борисов.

Процените се дека новиот „Панцир-СМ“ ќе биде способен да уништува летечки објекти на далечини и до 40 км, што го става во категоријата на ПА системи кои освен краток, може да покрива и среден дострел. Исто така се смета и интеграција на нов радар со фазна антенска решетка со зголемени борбени способности. 

Инаку овој систем во единиците на руската војска се појави во 2008 година. Последната негова модернизација носи ознака „Панцир-С2“. Го одликува исклучително краткото време на реакција, од откривање на целта па сѐ до дејство по него. Целиот процес трае само неколку секунди, додека времето меѓу лансирањето на 2 ракети е 1,5 секунди. Според овие параметри „Панцир-С2“ нема достоен ривал во светот. Покрај соборување на авиони и хеликоптери, негова особена специјалност се беспилотните летала и крстосувачките ракети, како и останатите типови на високопрецизно воздухопловно оружје чија брзина достигнува 1000 м/сек. Целите кои имаат намалена радарска рефлективност и кои се практично невидливи ЕПР 0.03-0.06 м2, овој систем ги уништува со висок степен на успешност (0,7 со една ракета, 0,99 со две ракети). Зоната на уништување на целите е 20 км според далечина и 15 км според висина.

Покрај ракетите со кои е опремен овој систем, тука се наоѓаат и  спарените автоматски топови 2А38 со калибар 30 мм и брзина на гаѓање од 5000 гранати во минута. Борбениот комплет на еден систем  „Панцир-С2“ се состои од 12 ракети и 1400 гранати подготвени за примена. И за овие топови руската воена индустрија развива ново семејство на распрскувачка муниција опремена со паметни запалки. Таа ќе се активира во непосредна близина на откриените беспилотни летала, но и другите летечки објекти како што се, на пример, крстосувачките ракети. Благодарение на интезивното и густо расејување на фрагментите од проектилот по експлозијата, се смета дека оваа муниција ќе има исклучително висок степен на ефикасност. Во секој случај, многу поголем отколку што е тоа случајот со денешните гранати.