Бразил планира да купи од Русија противвоздушни ракетно-топовски системи „Панцир”. Првата испорака би требало да биде реализирана во првата половина на 2016 година, изјави амбасадорот на Бразил во Русија Антонио Жозе Валим Гереиро.
„Првичната одлука за купување е донесена и затоа ќе бидат набавени системите“, изјави Гереира, истакнувајќи дека Бразил во моментов го разгледува буџетот на Министерството за одбрана за 2016 година.
Според неговите зборови, „тоа е поврзано со фактот дека со федералниот буџет од 2015 година не беа предвидени доволно средства за набавка на вооружување“.
Преговорите за системот „Панцир” почнаа уште во 2012 година, но сѐ уште не е потпишан договор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче