Во Русија стигна голем број нарачки од странство за рускиот противракетен систем „Панцир-С1”, чија испорака поради големиот интерес ќе трае до 2019 година, изјави потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин, пренесува ТАСС.
„Панцир-С1“ е многу ефикасен и конкурентен противракетен систем чиј век на траење е 15 години. Засега во ред за купување на „Панцир“ стојат Алжир, Сирија, Иран и ОАЕ”, рече Рогозин.
Тој истакна дека за скратување на роковите за испорака е потребно да се изгради уште една фабрика и да се вработат нови работници, што е непрактично, затоа што потребата за овој проитввоздушен систем може подоцна да се намали. Рогозин предложи постепено зголемување на капацитетите на постојната фабрика.
„Панцир-С1” е самооден ракетно-топовски копнен систем наменет за локално покривање на противвоздушната одбрана. Поседува радар со двоен домет со фазна решеткава антена, како и автоматски топови и наведувани ракети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче