Во Русија направена тактичка електромагнетна бомба од која нема одбрана

Наука и технологија
СЛОБОДАН ЃУКИЌ
Во Русија е направена противелектронска муниција која је способна целосно да ја парализира техниката на непријателот со помош на микробранов електромагнетен пулс. Станува збор за електромагнетната ракета „Алабуга“, која је опремена со боев блок во кој се наоѓа генератор на електромагнетно поле, со исклучително голема сила. Конструктор на оваа ракета е концернот „Радиоелектронски технологии“ (Радиоэлектронные технологии).

Според своите карактеристики, оваа ракета е способна во целост да ги парализира сите електронски уреди и нивните компоненти во радиус од 3,5 км од местото на експлозијата, претворајќи ја непријателската техника во куп обично железо.

Проектот „Алабуга“ е резултат на целокупниот комплекс на научни истражувања почнат уште на почетокот на оваа деценија. Основната задача на овој проект е утврдување на основните технички насоки во развојот на противелектронското оружје на иднината и изработка на негови експериментални модели кои ќе бидат применети во пракса. Главни носители на овој проект се еминентни руски научници кои направија темелна студија, која покрај сериозна теоретска анализа, вклучуваше и комплекс од практични испитувања на лабораториски макети и на специјализирани полигони. Резултат на оваа обемна теоретско-практична работа е изработката на цела номенклатура на електромагнетско оружје кое на исклучително ефикасен начин може во целост да онеспособи најсовремена борбена и секоја друга техника.

Иако се знаеше дека руската војска спроведува ваков проект, тој сепак беше покриен со велот на тајната. Сите електромагнетни оружја и нивните главни компоненти, кои настанаа како резултат на проектот „Алабуга“, влегоа во категоријата на витално важна технологија со највисок можен степен на безбедносна заштита.

Според првите неофицијални процени, кои се многу штури и дозирани, руските научници развиле оружје кое може да дејствува со различен интензитет врз непријателската техника. Оваа муниција, на пример, може да онеспособи непријателска техника во одреден временски период, но и да ѝ нанесе фатални штети, буквално да ја „спржи“ и да ја направи потполно неупотреблива. Понатаму ова имплицира дека Русите развиле цела фамилија воздухопловни бомби и ракети, како и артилериски гранати кои со различен степен на интензитет можат да делуваат на непријателот. Најголемата тајна дефинитивно се крие во боевата глава на овие проектили, која најверојатно се состои од специјален електромагнетен генератор, своевиден убиец на софистицираното, ултрамодерно оружје на XXI век.