Се наведува дека првите испораки се планирани до крајот на оваа година.
Семизоров притоа не наведе кога новата пушка ќе стане дел од вооружувањето на Министерството за одбрана на Русија.
Семизоров претходно соопшти дека барањата на МО на РФ во однос на снајперската пушка „Точност“ се посложени од гледна точка на технологијата и неопходноста од примена на делови и материјали исклучително од домашно производство. Директорот на ЦНИИТОЧМАШ исто така соопшти дека калибарот на новата пушка е 7,62 милиметри.
Новата руска снајперска пушка „Точност” првпат беше претставена во ноември 2016 година на натпреварувањата по повод одбележувањето на Денот на народното единство.