Најновите руски ракетни проби предизвикаа „еза“ кај американските воени експерти

Наука и технологија
СЛОБОДАН ЃУКИЌ
Неодамнешните успешни лансирања на руската интерконтинентална балистичка ракета PC-24 „Јарс“ сериозно го вознемири воените експерти од западната страна на Атлантикот.

Интерконтиненталната балистичка ракета PC-24 „Јарс“ го чини стожерот на стратешките ракетни сили на руската армија. Претставува модификација на ракетниот систем „Топол-М“. На оперативно борбено дежурство се наоѓа од 2009 година. Се произведува во 2 верзии, со стационарно базирање во специјални силоси, и во мобилна верзија која се наоѓа на платформата на тркала МЗКТ-79221. Максималниот дострел на оваа ракета е 12000 километри и може да носи 3-6 боеви блокови во кои се наоѓаат независно насочени боеви со сила од 300-600 кт. Ракетата се наведува по инерцијален пат“.

Претпоставката е дека руските стратешки сили на располагање имаат вкупно 110 вакви ракети (20 стационарни и 90 мобилни). Овие ракети се подготвени да реагираат веднаш на евентуален напад врз Руската Федерација и да нанесат фатални удари врз условниот противник.

Потсетник

На 12 септември 2017 година ракетните сили за стратешка намена изведоа лансирање на ИБР РС-24 „Јарс“ со стационарно базирање од космодромот Плесецк. Недела дена подоцна од истото место беше изведено лансирање на ИБР PC-24 „Јарс“, овој пат од мобилна платформа. Ракетите беа опремени со перспективен тип на боеви глави. Тие успешно ги погодија целите кои се наоѓаа на крајниот исток на Руската Федерација - Камчатка.