Мразокршачот „Арктик“ би можел да влезе во експлоатација во мај 2019

Спуштање во вода на нуклеарниот мразокршач од проектот „Арктика“ на Балтичкиот завод.

Спуштање во вода на нуклеарниот мразокршач од проектот „Арктика“ на Балтичкиот завод.

Сергеј Николаев
Планирано е по главниот мразокршач од проектот 22220 „Арктик“, вториот брод да биде пуштен во работа во ноември 2020, а третиот година дена подоцна, изјави генералниот директор на „Атомфлот“ Вјачеслав Рукша.

Главниот мразокршач од проектот 22220 „Арктик“ би можел да биде пуштен во работа во мај 2019 година. Ова го изјави генералниот директор на „Атомфлот“ Вјачеслав Рукша на состанокот со претставниците на земјите-членки на Арктичкиот совет.

„Ние врз основа на обновените рокови за испорака од страна на владата во мај 2019 ќе го примиме во експлоатација главниот мразокршач „Арктик“, вториот брод во ноември 2020 година, и третиот во ноември 2021 година“, изјави генералниот директор на „Атомфлот“, пренесува ТАСС. 

„До крајот на оваа година ќе биде завршен техничкиот проект на мразокршачот „Лидер“, извршени се неговите тестирања во мраз“, додаде тој.

Според него, мразокршачот ќе биде во состојба да се движи низ мразот со брзина од 12 до 14 јазли.

Како што нагласи тој, до 2029-2030 година треба да се изградат уште два-три мразокршачи „Лидер“.

„Најважното прашање на ниво на влада е, ако навистина сакаме да тргнеме, сериозно да тргнеме на пазарот на течен гас, потребно е да изградиме уште два-три мразокршачи „Лидер“ во периодот од 2029-2030 година“, изјави тој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња