Сценариото на вежбата предвидува уништување на непријателска имитација на брод, која се наоѓаше далеку од брегот, преку хоризонтот. Целта се наоѓаше на оддалеченост од околу 130 км. Командата на Балтичката флота за нејзина елиминација ангажираше ракетна батерија „брег-море“, вооружена со ракетен систем „Бал“. Според податоците на радарските станици, истреланата ракета успешно ја погодила целта и го испратила објектот на дното на Балтичкото море.
„Бал“(индекс ГРАУ 3К60, НАТО ознака: SSC-6 „Sennight“ (рус. „неделя“) е крајбрежен ракетен систем, вооружен со противбродска ракета X-35. Во состав на вооружувањето се наоѓа од 2008 година. година. Неговата основна намена е ефективна контрола на крајбрежниот појас и заштита на водното пространство од непријателски пловила. Се користи за заштита на поважните воено-поморски пристаништа, крајбрежни градови, воената и цивилна инфраструктура, како и за заштита на чувствителните зони од можен поморски десант на непријателот. Една лансирна единица е опремена со 8 ракети Х-35/Х-35У сместени во лансирни контејнери. Овие контејнери се наоѓаат на мобилна платформа на тркала МЗКТ-7930. Една батерија на ракетниот систем „Бал“ се состои од командно место за управување и врска (2 единици), 4 лансирни единици со вкупно 32 проектили и 4 логистичко-транспортни единици со капацитет за уште 32 ракети кои вршат и полнење на лансирните единици.
Системот може да користи 2 типа на ракети. Х-35 (дострел 120-200 км) и Х-35У (дострел 260 км). Двете ракети имаат субсонична крстосувачка брзина на летот. Способни се да уништат пловила со депласман и до 5000 тони. Се наведуваат со помош на активна глава за самонаведување (систем „истрелај и заборави“). Постои и експортна верзија на овој систем опремена со ракети Х-35УЭ.