Министерството за одбрана на Русија во следните години ќе посвети посебно внимание на развојот на воената инфраструктура во Арктичката зона и на Курилските острови. Ова не еднаш го изјави министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу. Особено се планира да бидат распоредени две нови единици на крајбрежната стража во крајбрежните области на Северниот морски пат.
Како што пишува „Известија“ нивна задача е да бидат гарант за безбедноста на учесниците во маршрутата и на блиското крајбрежје. Се претпоставува дека е веројатно новите воени единици да се создадат на Колскиот полуостров на база на крајбрежните воени сили на Северната морнарица.
Според воениот аналитичар на ТАСС Виктор Литовкин создавањето единици на крајбрежната стража може да имаат различен состав во зависност од местото на нивната локација и нивните задачи.
Едно е крајбрежната стража во јужниот дел на Русија, каде е релативно топло дури и назима, вели експертот, а друго е дивизија на Чукотка.
Кадети на руската арктичка пешадија на Далечноисточното високо воено командно училиште „Маршал Рокосовски“ на обука на полигон во Амурскиот регион. Игор Агејенко / РИА Новости
„Тешко е да се замисли ваква единица да има во својот состав тенкови кои во текот на зимата ќе бидат покриени со многу метри снежна покривка и ќе бидат парализирани, а во текот на летото ќе бидат заглавени во тундрата покриена со мов. Истото важи и за самоодечкото или артилериското оружје и мобилните ракетни системи со голем дострел. За нив, исто така треба да се создадат сериозни услови за движење по локалните патишта, а поконкретно на офроуд“, вели Литовкин.
Експертот претпоставува дека е можно контрадесантните и контрадиверзантските единици во вид на баталјони и чети да се движат по тундрата зиме и лете со квадрицикли, модифицирани скутери за снег или со лесни повеќенаменски оклопни транспортери дополнително вооружени со митралези со голем калибар, гранати и пламенофрлачи.
Системите за противракетна одбрана (ПВО) со мал дострел, исто така треба да се монтираат на снегоходи или на нивни аналози - и комплексите „Тор-М2“, и „Панцир-С1“ се произведуваат во модуларни варијанти, така што тие можат да бидат монтирани на каква и да е транспортна база.
А, за ракетни комплекси С-400, на комплексите „Бал“ и „Бастион“ се потребни стационарни машини.
„Нивната задача е да се покрие со огнено оружје Беринговиот теснец, па во него, во западна насока, да не минуваат странски воени бродови со противракетни системи и ракети со голем дострел на пловилото“, вели експертот.
Според Литовкин приближно такви задачи ќе извршуваат и деловите на крајбрежната стража на Колскиот полуостров и неговите соседни арктички архипелази, како и на одделни острови од Курилските острови.
Во 2016 година стана познато дека на Курилските Острови Итуруп и Кунашир биле распоредени противбродските ракетни комплекси „Бал“ и „Бастион“. Овие единици влегуваат во составот на 72 крајбрежна ракетна бригада на Тихоокеанската флота, формирана во 2014 година. На Камчатка на борбено дежурства се смета на комплексот „Панцир-С1“.
Ракетен систем „Бал“ / mil.ru mil.ru
Крајбрежниот ракетен комплекс „Бастион“ е опремен со суперсонични ракети П-800 „Оникс“ („Јахонт“ е варијантата за извоз). Тој може да уништува бродови од различни класи и типови. Еден комплекс, чиј комплет може да вклучува до 36 ракети, е во состојба да се брани над 600 километри од брегот.
Вооружен со дозвучни и нисколетачки противбродски ракети Х-35, комплексот „Бал“ може да уништува надземни и надводни цели на непријателот на растојание од околу 130 километри. Ракетата Х-35 е во состојба да уништува бродови со депласман до 5.000 тони. Ракетата може да се користи и кај лесни, и при тешки временски услови, дење и ноќе, во услови на огнено и радиоелектронско спротивставување на противникот.
Текстот на руски јазик на сајтот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче