МАКС-2001: Ловец МиГ-29ОВТ
За време на изложбата за првпат беа покажани новите МиГ-29M2 и МиГ-29ОВТ (со контрола на векторот на гравитацијата). Присуството на оваа технологија овозможува ловецот да се движи под поголем агол и брзина, но, и нагло да запира и ги зазема речиси секаква позиција под агол, што прави непредвидлив за противникот во воздухот.
МАКС-2003: Повеќенаменски авион-амфибија Бе-200ЧС
Бе-200ЧС е наменет за гаснење пожари, укажување итна помош во погодени реони, потрага и спасување на настрадани во вода, превоз на санитарни и прехранбени продукти, како и мониторинг на животната средина.
МАКС-2005: Прототипови на регионалниот млазен авион Ан-148
Првпат беа покажани два прототипа на млазниот авион Ан-148, наменети за замена на регионалните Ту-134 и Јак-42.
Важно за МАКС-2005 беше учеството на САД, кои презентираа 9 борбени авиони, вклучувајќи ги ловците F-15 и F-16 и првпат го покажаа во Русија стратешкиот бомбардер B-1B.
МАКС-2007: Повеќенаменски ловец Су-35
Ссоставувањето на првиот прототип на Су-35 беше завршено во летото 2007 година. Повеќенаменскиот суперманеварски ловец од генерацијата 4++ со мотори со контрола на векторната гравитација Су-35 е произведен од „Сухој“..
Во MAKС-2007 Русија, исто така, првпат го покажа и ракетниот систем С-400, а големо внимание беше посветено на проектите Сухој Суперџет 100 (Sukhoi Superјet 100) и ГЛОНАСС.
МАКС-2009: Школски борбен авион Јак-130
Јак-130 е млазен школско-борбен авион со две седишта од нова генерација. Сериското производство на леталата почна во 2013 година и оттогаш пилотите од базата за обука на Краснодарското високо воено авијациско училиште добија повеќе од 80 такви авиони.
МАКС-2011: Ловец од 5 генерација Т-50
Главната премиера на авио-изложбата беше презентацијата на рускиот авион од 5 генерација Т-50, кој сѐ уште се наоѓа во процес на разработка. Два прототипа на овој авион учествуваа во програмата со летови. Две години подоцна – на МАКС-2013, првпат беше демонстрирана група од 3 ловци. Перспективниот борбен авион Т-50 (ПАК-ФА) го реализираше својот прв лет во 2010 година.
МАКС-2013: Патнички авион за средни далечини Ту-204СМ
Модернизираната верзија на Ту-204 се разликува од претходните авиони од семејството според подобрените летечко-технички и работни карактеристики. На МАКС-2013 корпорацијата „Иркут“ исто така го претстави и новиот ловец Су-30СМ, а за време на летачката програма авионот исполни цел комплет од акробатски фигури.
МАКС-2015: Палубен хеликоптер Ка-52К
Првпат беше претставена модофикацијата на бродскиот хеликоптер Ка-52К. До 2019 година се планира да заврши тестирањето на овие летала, по што ќе почнат испораките на Ка-52 и за војската.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче