Извор: Рамиљ Стидиков / РИА Новости
Според Сергеј Корнев, раководител на Одделот за извоз на авионска техника на компанијата Рособороноекспорт, не станува збор за само еден од најдобрите светски авиони за тренирање, туку и авион кој може да одигра улога на лесен јуришен авион, што особено им се допаѓа на странските партнери на Русија. Ова беше официјално изјавено на аерокосмичкиот салон Farnborough International Airshow 2014.
Едноставен и прилагодлив
Јак-130 е една од главните надежи на руското воздухопловство. Уште во осумдесеттите години од минатиот век започнаа да го конструираат како главен воен авион кој е во состојба да имитира лет на сите типови современи ловци. Но, распадот на СССР ја запре неговата употреба. Како што велат конструкторите, воениот ресор немал доволно пари за купување современа техника. Кон средината на деведесеттите години од минатиот век постоеше обид за спасување на проектот со договор со италијанската фирма Aermacchi. Требаше заедно да го усовршуваат и да го произведуваат авионот кој го доби називот Јак-130-АМ. Италијанците требаше да ја прават опремата за трупот и да бидат агенти за време на излегувањето на светскиот пазар. Правото на сопствеништво беше поделено на половина. Но, Италијанците на крајот се откажаа од проектот и направија сопствен авион М-346. На аерокосмичкиот салон Farnborough International Airshow 2014 се договараа за продажба на тој авион на израелската воена авијација.
Каква судбина го очекува „Руслан“?
Во Русија сакаат да направат лесен ловец од петтата генерација врз основа на МиГ-35
Во руската војска Јак-130 го нарекуваат „летачки Ајфон“: сигурен, едноставен за управување и, што е најважно, максимално е свртен кон конкретен потрошувач и кон неговите потреби. Владимир Михајлов, поранешен главен командант на воено-воздушните сили, по летот на Јак-130 вака го опишал авионот: „Никогаш не сум видел нешто толку едноставно и прилагодливо за управување“. Како и Ајфонот, за време на конструирањето на авионот Јак-130 користени се технички решенија што го прават максимално јасен и разбирлив за корисникот.
Да кажеме, авион во лет, велат конструкторите, може повторно да се програмира за исполнување на школски лет во различни временски услови, зависно од тоа за кој авион се подготвува пилотот. Ако станува збор за Су-30, тогаш Јак-130 ќе лета според едно сценарио, Ако се програмира за американскиот F-35, ќе лета на друг начин. Притоа ќе биде максимално сигурен и предвидлив како за пилотот што минува низ обуката, така и за неговиот инструктор. Ако пилотот кој минува низ обука не се снајде во определен момент, инструкторот може да го приземји авионот според радиосигналот од земја. Јак-130 може сигурно да слета под агол од 40 степени, со измена на брзината од 200 до 800 километри на час. Ваков режим не може да исполни ниту еден друг авион за подготовка на пилоти.
Повеќе од школски авион
Но, Јак-130 не ги решава само теренските задачи. Авионот, доколку е тоа потребно, може да се преориентира во лесен ловец или во јуришен авион. Има 9 точки на кои може да се носи оружје: 6 под крилата, две на крајот од авионот и една под трупот на авионот со носивост до 3.000 килограми товар, вклучувајќи и ракети од класата „воздух-воздух“, „воздух-земја“, како и авиобомби со калибар од 250 и од 500 килограми и друго авионско вооружување. Како што истакнуваат стручњаците од воено-возушните сили, користењето на авионот Јак-130 за исполнување локални задачи, како што е да кажеме уништување терористички кампови, чување на границите, вклучувајќи ги и морските, за борба против наркокриминалот, е поевтино одошто на воена задача да се испратат F-35 или Су-30. Освен тоа, Јак-30 може да се наоѓа во која било база, тоа може да биде и бетонски и земјен аеродром. Авионот е независен. Овој квалитет му овозможува да биде сместен во база која е најблиска до зоните на воени дејствија.
Извозни перспективи
До неодамна Јак-130 не се испорачуваше во странство. Според договорот со Министерството за одбрана на Русија, корпорацијата Иркут, која е производител на авионот, требаше најпрво да ги задоволи потребите на руските војници. Тие бараа 70 вакви авиони. Но, искуството од примената на авионот Јак-130 отвори извозен потенцијал за „рускиот Ајфон“ за странските нарачатели. Алжир беше првиот купувач и доби 16 авиони. Потоа на ред дојде Сирија (13 авиони), Бангладеш (26) и Белорусија (4).
Во склоп на Farnborough International Airshow 2014 Москва се надева дека ќе потпише уште еден договор со Малезија. Како што истакнува Сергеј Корнев, малезиските пилоти имаат позитивно искуство со користењето на руските ловци МиГ-29 и Су-30МКМ. Подготовката на пилотите за овие авиони е сложена и мошне скапа. Појавата на авионот Јак-30 во школските центри на малезиските воздушни сили може да го направи овој процес поедноставен и поевтин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче