Во што постигна паритет Русија со САД и со НАТО?

Илија Питалев / РИА Новости
Благодарение на новото стратешко оружје и военото искуство стекнато во Сирија, Русија постигна паритет со НАТО во многу правци, изјави министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу во горниот дом на рускиот парламент.

Во согласност со указот на претседателот на РФ Владимир Путин Министерството за одбрана ја завршува првата фаза од програмата за модернизација на вооружувањето до 2020 година. Задачата е да се осовремени 70% од оружјето и техниката во сите родови на руската војска.

„Ова пред сè се однесува на нуклеарното одвраќање, односно на копнените стационарни и мобилни стратешки ракетни системи, ракетоносните бомбардери и подморниците на нуклеарен погон“, изјави за „Руска реч на македонски“ професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин.

Според него, силите за нуклеарно одвраќање сега имаат 60% современо вооружување и техника, до 1 јануари 2018 ќе имаат 70%, а во 2022 година ќе бидат 100% модернизирани.

„Ова ќе се реализира благодарение на воведувањето во експлоатација на новите тешки интерконтинентални балистички ракети Сармат. Овие ракети ќе обезбедат ударна моќ на стратешките ракетни единици која ќе биде четири пати поголема од онаа што ја обезбедуваат групата ракети Топољ-М и Јарс, и тоа според сите показатели кои се користат за оцена на ефикасноста на примената во борбени дејствија“, смета рускиот аналитичар.

Русија го поддржа стапувањето на Индија во Режимот за котрола на ракетната технологија. Извор: ТАССРусија го поддржа стапувањето на Индија во Режимот за котрола на ракетната технологија. Извор: ТАСС

Исто толку ќе биде сеопфатна и модернизацијата на стратешката авијација. Непосредно пред почетокот на сириската кампања сите стратешки бомбардери Ту-160 и Ту-95 добија нови нишански системи, а заедно со нив и можност покрај нуклеарно да применуваат и конвенционално вооружување.

Ту-95 / Марина Лисцева /wikipedia.orgТу-95 / Марина Лисцева /wikipedia.org

Во сириската кампања за првпат е применето руското високопрецизно оружје, како што се крстосувачките ракети со далечен дострел Х-555 и Х-101 кои се лансираат од воздух. По 2021 година започнува сериското производство на модернизираниот бомбардер Ту-160М2.

Во воената морнарица се воведени неколку нови нуклеарни подморници од проектот 995 тип Бореј, а модернизирани се и подморниците од проектот 667 БДРМ – тие добија нов ракетен систем Лајнер. Тоа е всушност ракетата Синев на која ѝ се додадени неколку боеви делови, како и нов систем за наведување, а зголемен ѝ е и дострелот на над 11.000 километри.

Морнарницата „Владимир Мономах“, проектот 995 тип Бореј/ Иљдус Гиљазјутдинов /  РИА НовостиМорнарницата „Владимир Мономах“, проектот 995 тип Бореј/ Иљдус Гиљазјутдинов / РИА Новости

Планирано е да започне производството на новите морнарички балистички ракети наместо сегашните ракети Булава со кои се вооружени подморниците од типот Бореј.

„Паритетот со НАТО значи дека Русија денес е способна да ѝ се спротивстави на алијансата со нуклеарни средства. Во доктрината за националната безбедност е прокламирано дека Москва го задржува правото на превентивен нуклеарен напад во случај на директен судир со толку опасен противник како што се НАТО и САД“, истакнува Козјулин.

Тој нагласи дека во согласност со спогодбата за понатамошно намалување на стратешкото офанзивно вооружување (Старт 3) Русија и САД денес немаат повеќе од по 1.550 нуклеарни боеви глави и 700 носачи за нив (интерконтинентални балистички ракети, подморници и стратешки бомбардери).

Армијата добива ново конвенционално оружје

Сириската кампања е добар полигон за испробување и за усовршување на руската авијација. За последниве неколку години руското воено воздухопловство има добиено 1.300 летала, а 66% од вооружувањето е модернизирано. Како што соопштува Шојгу, авионите и хеликоптерите ќе се усовршуваат во согласност со искуството од нивната примена во Сирија. На пример, сите тактички бомбардери Су-24 и јуришни авиони Су-25 и Ту-22М3, а можеби и стратешкиот бомбардер Ту-95МС, ќе добијат најнов нишански систем СВП-24 Гефест.

Су-25/ Вадим Гришакин / ТАСССу-25/ Вадим Гришакин / ТАСС

„Овој нишански систем е тестиран во борбите во Сирија, што овозможи примена на гравитациските авионски бомби со прецизност карактеристична за високопрецизните ракети и бомби со ласерско или GPS наведување. Ваква прецизност денес немаат ниту американските ниту европските борбени машини“, вели за „Руска реч на македонски“ воениот аналитичар на весникот „Известија“ Алексеј Рам.

Според него, овој уред во авионот е интегриран со пренослив терминал на земја.

„Војник со ваков систем со големина на обичен мобилен телефон ги гледа сите наши авиони во воздух и нивната муниција, така што може со едно стискање на неколку маркери да го насочи авионот на целта што треба да биде уништена“, истакнува тој.

Кога пилотот ќе го добие тој сигнал од земјата, му останува само да направи уште еден круг и да го притисне копчето за лансирање. Бомбата по математички пресметан алгоритам ќе падне точно на местото што е обележано од земја“.

Што понатаму?

Според рускиот министер за одбрана, армијата од 2012 година има добиено над 30,000 парчиња вооружување и воена техника. Тука спаѓаат и над 50  воени бродови и 4.700 тенкови и оклопни возила.

Шојгу нагласи дека сегашната програма за модернизација на вооружувањето ќе биде реализирана. Затоа сега се завршува подготовката на новата програма за период од 2018 до 2025 година.

„Параметрите на оваа програма не се достапни за јавноста, но се знае дека армијата во тој период треба да ги добие најновите тенкови Т-14 Армата, борбеното возило за пешадијата Курганец и оклопниот транспортер Бумеранг. Воздушно-космичките сили ќе добијат ловци Т-50 и најновиот авион со радар со голем дострел А-100 Премиер, додека воената морнарица ќе добие нуклеарни разорувачи од типот Лидер, големи десантни носачи на хеликоптери Лавина и новиот нуклеарен крстосувач и воено носач на авиони од проектот Шторм“, заклучува Рам.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња