Хрватска е единствената земја во Европа, која продолжува да ги експлоатира развиените уште во 1959 година МиГ-21. Во нивните воздухопловни сили има 12 единици. Оваа сигурна машина се докажа во многу војни на дваесеттиот век. Од земјите-членки на НАТО тие се на вооружување и во Бугарија, но таа ги префрли во резерва.
Првите МиГ-21 се доставени во Југославија во 1962 година и долго беа еден од главните борбени авиони на земјата. Интересно е дека сегашната флота од хрватски МиГови е главно со германско потекло. Во средината на деведесеттите години од минатиот век Хрватска купува од СРГ над 20 модернизирани МиГа, кои останале кај Германците од армијата на ГДР. Уште 3 машини се украдени од југословенските ВВС од пилоти-Хрвати. Треба да се напомене дека сите машини кои се на вооружување во Хрватска, се од модифицираните примероци доставени во армијата и произведени по седумдесеттите години од минатиот век.
Активно користени во немирните деведесетти години од минатиот век, машините фактички ги потрошиле своите ресурси. Впрочем, искуството на другите земји покажува дека по сериозна модернизација МиГ-21 сè уште можат да служат како сигурни бранители на небото и како наставни машини. Со оглед на тоа дека односите меѓу младата балканска република и Москва не се меѓу најстабилните, во 2013 година хрватските воени лица преферираат да соработуваат со Украина. Филијалата на државниот концерн „Укроборонпром“ „Одессаавиасервис“ во јуни 2013 година го доби тендерот за модернизација на 7 хрватски МиГа и за испорака на уште 5 кои според документи се во сопственост на концернот. Вкупната цена на трансакцијата е 80 милиони куни ($ 13.7 милиони). Како што вели извор на „Руска реч на македонски“ од „Рособоронекспорт“, победата на украинската фирма на тендерот изгледа сосема логично. Се објаснува со фактот што „Одессаавиасервис“ поседувала голем број МиГови од советско производство и резервни делови за нив, купени од трети земји или кои претходно им припаѓале на ВВС на Украина.
Во 2016 година, сепак изби голем скандал. Купените авиони се наоѓаат во исклучително лоша состојба – се оштетија веднаш по почетокот на експлоатацијата и кон март 2016 година во воздухот можеа да се подигнат само 3 од нив. Како што покажа истрагата на хрватското МВР, службеник од Министерството за одбрана, за поткуп од $ 20 илјади, му помогнал на "Одессаавиасервис" да фалсификува документите и да му предаде на Загреб 12 неисправни МиГа.
Режимот на реципрочни санкции ги поткопува можностите на рускиот ВИК во Европа. И без тоа соочени со притисок од страна на американските и европските воени производители, руските военоиндустриски компании се соочуваат и со бројни ограничувања.
Индикативен пример за тоа е Бугарија, која поседува значаен авијатички парк од руско и од советско производство. Есента 2015 година Софија одлучи да се откаже од соработка со рускиот концерн МиГ и да модернизира 6 машини МиГ-29 во Полска. Како една од главните причини официјално беше посочена „веројатноста од проширување на европските санкции кон РФ“. Во одговор на тоа корпорацијата МиГ ја симна од себе одговорноста за безбедноста на машините модернизирани во Полска, и предупреди дека може да се обрати до Меѓународниот суд во врска со претрпената штета. На крајот на 2016 година Бугарија беше да се врати на соработка со концернот МиГ. Згора на тоа, военото обвинителство започна истрага за активностите на поранешниот министер за одбрана Николај Ненчев поврзани со попречување на модернизацијата на авионите произведени во Русија.
Ситуацијата со бугарските и хрватските МиГови нагледно покажува дека квалитетен сервис на руска техника може да обезбеди само руската страна. И Концернот МиГ, и „Рособоронекспорт“ се подготвени за дијалог со источноевропските партнери; згора на тоа, претставниците на ВПК не ги поврзуваат политиката и бизнисот. Никакви ограничувања за испораките на воена продукција за земјите од НАТО Русија, како одговор на ваквите санкции од страна на Западот, не воведува. Источноевропскиот пазар за руските производители на оружје одамна престана да биде главен.
Според оценките на соговорникот на „Руска реч на македонски“ кој е близок до ВВС на Хрватска, Загреб нема за цел да одржува директен воен паритет со соседна Србија, но од времето на неодамнешните балкански конфликти внимателно ја следи одбранбената политика на Белград. Српската авијатичка флота е неколку пати поголема, вклучувајќи и лесни авиони-бомбардери „Соко“ од сопствено производство. Згора на тоа, Белград активно соработува со Русија и ги модернизира своите авиони од советско производство.
Хрватска која се наоѓа под заштитата на НАТО ги има сите гаранции за безбедноста, но наскоро може да се покаже во ситуацијата на балтичките републики. Во сите три балтички земји од поранешниот СССР воената авијација е претставена само од неколку транспортни и наставни авиони. Но, безбедноста на небото на трите држави во ротацијата се обезбедува од авијацијата на најголемите земји во НАТО. За возврат, властите во Литванија и во Естонија ги сносат трошоците за издршка на инфраструктурата за авионите на сојузниците во базите.
Слична варијанта предложена од Белата куќа, вели нашиот извор, се гледа и во Хрватска. Наместо старите, но сигурен руски авиони, Загреб може да добие ескадрила американски асови и да плаќа за нивната издршка. Оваа доктрина целосно одговара на политиката, која започна да ја води Трамп во однос на НАТО. Колку, сепак, на оваа големата балканска земја, која има свои пилоти со воено искуство, ѝ се потребни странски, макар и сојузнички, авиони на нејзиното небо? Соговорникот на „Руска реч на македнски“ смета дека хрватското раководство нема да прифати ваква варијанта и ќе вложи максимални напори да ја задржи сопствената авијација.
Според хрватскиот извор на „Руска реч на македонски“ во услови на санкции Загреб нема да може да купи нови руски авиони под никакви околности и ќе води преговори со Москва само за реконструкција и модернизација на постојните 12 машини, поголемиот дел од кои, по украинската „поправка“, не можат да се искачат во воздух. Практично Хрватска се наоѓа на крстопат. Дали да ги отпише застарените, но добро познати на пилотите машини, или да се договара со концернот МиГ за нивно целосно обновување? Соговорникот на „Руска реч на македонски“ забележува дека одлуката што ќе се донесе, ќе биде целосно политичка.
Подготвен ли е Загреб да ја зајакне воено-техничката соработка со Москва ќе стане јасно откако ќе завршат преговорите на хрватската страна за поправка на хеликоптерите МИ кои во моментов се водат со руските одбранбени компании. Сега безнадежно уништените во украинските фабрики хрватски МиГови можат да бидат спасени само од компанијата-производител - концернот МиГ. Впрочем тоа ќе потрае и подолго време - за подготовка на програмата за модернизација, пребарување или производство на резервни делови за тестирање на машините. На крајот сепак Загреб ќе добие 12 авиони, кои ќе може да се користат од ВВС на Хрватска уште неколку години и ќе овозможат постепено да се движи кон понапредни летала.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче