Путин се искажа

Извор: Константин Завражин

Извор: Константин Завражин

Рускиот претседател ја поддржа Украина, го пофали Сноуден и застана зад специјалните служби на САД.

На 19 декември претседателот на Русија Владимир Путин ја одржа деветтата по ред голема прес-конференција, која траеше 4 часа и 5 минути. Шефот на државата можеше да се искаже практично за сиот спектар на најактуелните, на најважните и на најострите руски и главни меѓународни проблеми.

За Украина

Путин рече дека Русија се решила за економски отстапки за Украина во врска со сложената економска ситуација во оваа земја и желбата да му се помогне на стариот партнер. Што се однесува на антируското расположение на демонстрантите во центарот на Киев, претседателот на РФ е уверен дека луѓето едноставно не ја прочитале Спогодбата за асоцијација на Украина со ЕУ. „Погледнете што е напишано таму: пазарите се отворени, пари нема, да се воведат европски норми за трговија и европски технички прописи. Што значи тоа? Индустријата треба да се затвори, а земјоделството да не се развива“, изјави претседателот на РФ. Јасно се гледа промена – да се стане земјоделско продолжено црево на Еврозоната“. Но, ако е тоа избор на некој, тогаш во ред, тоа е нивен избор“. Според него, никој не се обидува на украинскиот народ да му ја украде европската мечта. „Ние немаме никаква врска со тоа, тоа е избор на самиот украински народ и на легитимната власт – да стапува или да не стапува во некаков сојуз, да се потпишуваат некакви документи или да не се потпишуваат“.

За владата

Остри прашања за Путин
4 часа и 33 минути траеше прес-конференцијата на која рускиот претседател Владимир Путин одговори на точно 81 прашање. Освен домашните, на прес-конференцијата учествуваа и новинари од Грузија, Украина, Кина, САД и Полска.

Шефот на државата рече дека смета оти работата на руската влада е задоволителна и дека не се планираат некакви сериозни измени. „Во владата треба да работат професионалци и тие треба да бидат регрутирани од пазарот. Најлошото што може да се направи е кадровска реконструкција. Потенцијалот на сегашната влада сè уште не е реализиран“, рече тој.

За Сноуден

Шефот на државата изјави дека не остварувал средби со соработникот на специјалните служби на САД, Едвард Сноуден. „Јас него лично не го знам и никогаш не сме се сретнале. Јас имам многу тековни работи, а тој има свои погледи за животот, за тоа што треба да прави и како да живее“, рече Путин. – Не можам да кажам дека не ми е интересен. Мислам дека благодарение на господинот Сноуден се сменија многу работи во главите на милиони луѓе, меѓу кои и кај крупните политички дејци на современоста“, изјави претседателот на РФ.

На Путин, исто така, му е интересно како поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД се решил да објави тајни информации за работата на американските специјални служби. „Сепак, тој е релативно млад човек. Што има тој? Секако нема ништо? Каде планира да живее? Тој самиот си направил избор. Благородно, но сложено“, забележа шефот на државата. 

Членовите на екипажот на бродот „Арктик санрајс“ кои беа обвинети за напад врз платформата „Приразломнаја“, ќе потпаднат под амнестија.

Што се однесува до соработката на овој човек со руските специјални служби, тие со Сноуден не работат и никогаш не работеле, изјави Путин. „Јас веќе зборував и ќе кажам со речиси професионален јазик: во оперативна смисла ние со него не работиме и никогаш не сме работеле и не му додеваме со разно-разни прашања во однос на тоа што и како се правело во врска со Русија во службата во која тој работел“, рече Путин на прес-конференцијата.

„Она што таму се исфрла, е исто тоа што е оставено некаде низ целиот свет. Ние не знаеме каде и што има оставено таму“, рече претседателот Путин. Притоа тој напомена дека руските власти му дале на Сноуден можност да живее во Руската Федерација под услов да не се занимава со антиамериканска дејност.

За шпионажата 

Одговарајќи на прашањето на сателитскиот канал RTVI за односите на Русија со САД и Германија по скандалот поврзан со материјалите на Сноуден, претседателот Путин изјави дека смета оти американските специјални служби вршат прислушување на телефонските разговори низ целиот свет, пред сè со цел борба против тероризмот.

„Нема никого да оправдувам. Господ да чува. Сепак, во име на праведноста треба да се каже дека сето тоа се прави, пред сè, во борбата против тероризмот, ова се антитерористички мерки“, изјави Путин.

Притоа, подвлече Путин, „треба да се помалку или повеќе јасни правилата на определените договори, меѓу кои и оние што се од морален карактер“.

Приказната со Гринпис

На Путин, исто така, му е интересно како поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД се решил да објави тајни информации за работата на американските специјални служби.

Претседателот изјави дека позитивно се однесува кон сè што се прави во врска со заштитата на природата, но дека негативно гледа на оние за кои тоа е пи-ар и кои од тоа го зголемуваат своето лично богатство.

„Јас имам позитивен однос кон сите кои се занимаваат со заштита на природата, кон сите, без исклучок. Сметам дека не е прифатливо кога луѓето таа работа ја претвораат во инструмент за сопствен пи-ар и во извор за збогатување“, изјави шефот на државата.

Но, членовите на екипажот на бродот „Арктик санрајс“ кои беа обвинети за напад врз платформата „Приразломнаја“, ќе потпаднат под амнестија, иако документот не беше направен специјално за тоа тие да бидат ослободени од одговорност.

„Мислам дека она што се случи треба да биде лекција, треба сите нас – се надевам дека и организацијата Гринпис – да нè насочи кон заедничка позитивна работа“, - рече претседателот.

За Иран и за Сирија 

Владимир Путин изјави дека решенијата за иранскиот нуклеарен проблем и за прашањето за хемиското разоружување на Сирија, не се достигнување само за Русија, туку и за нејзините партнери.

„Без заедничка работа со Европејците, со Американците, со Кина, ова немаше да биде можно да се постигне. Ние не одевме од една до друга страна, ние имавме принципиелен приод кон овие прашања, кој беше основан на принципите на меѓународното право. Затоа ние можеме да се гордееме со тоа“, забележа шефот на државата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња