Путин ги обвини банкарите за монополизам и за алчност

Извор: АП.

Извор: АП.

И следствено за тоа, за попречување на економскиот развој

На 4 јули годинава претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ги собра директорите на најголемите банки во својата резиденција во Ново-Огарјово во близина на Москва, со цел да дознае зошто каматните стапки за бизнис-кредитите во Русија се толку високи. Потоа шефот на државата ги обвини банкарите за монополизам, за алчност и за кочење на економскиот развој. 

Во претседателската резиденција во близина на Москва беа повикани директорите на Централната банка Елвира Набиулина, нејзиниот советник Сергеј Игнатјев и директорите на најголемите банки: Герман Греф (Сбербанка), Андреј Костин (ВТБ), Андреј Акимов (Гаспромбанк), Петар Авен (Алфа-банк) и Олег Вјугин (МДМ-банк). 

„На малиот и на средниот бизнис и, се потребни евтини и долгорочни кредити“, рече Путин на почетокот на својот обвинителен говор и продолжи: „Се зборува дека цената на банкарските кредити во Русија е во значително зголемена.“ Таа е тесно поврзана со инфлацијата и со порастот на тарифите, вака ја изложи претседателот својата теорија. Но, во Русија каматните стапки воопшто не зависеа од инфлацијата, растот на цените забавува, а банкарските пари непрекинато поскапуваат, констатираше Путин.

Цената на банкарските кредити во Русија е во значително зголемена 

„Во банките тоа се правда со ризиците“, продолжи шефот на државата и додаде: „Но, макроекономските ризици во Еврозоната се значително повисоки, а каматните стапки се значително пониски. Треба да се дојде до одговор на прашањето кои се тие фактори, освен желбата за профит, која ги охрабрува нашите банки да ги зголемат каматите, и зошто на ова поле конкуренцијата не функционира, иако имаме 900 банки“. На тој начин претседателот де-факто ги обвини банкарите за алчност. Потоа тој додаде уште малку црнило кога го обвини овој сектор за монополизам: „Можеби проблемот е во тоа што имаме само 4-5 големи банки кои на еден или на друг начин се меѓусебно поврзани и кои се афилирани со државата?“ 

Високите каматни стапки за кредитите ја забавуваат динамиката на пораст на руската економија, зашто не дозволуваат развој на малиот и на средниот бизнис. „За половина година динамиката на кредитирањето на претпријатијата е намалена за половина“, констатираше претседателот на Русија, повикувајќи се на статистички податоци. „Големите компании можат да земаат кредити од странство, но малите и средните претпријатија ја немаат таа можност. Каматните стапки за почетен бизнис се 20% и повеќе, не земајќи ги предвид провизиите. Во таков случај не може ни да стане збор за рентабилност. Секако дека е полесно да се работи со големите компании, но тие ни оддалеку не ја чинат целата економија.“ 

Путин ги советуваше банкарите да ги намалат каматите по пат на „пазарни методи“, со што ќе „порасне приходот“.

Пред некое време Владимир Путин започна да „бара“ од владата и од бизнисмените рецепти за заживување на руската економија

„Гигантите постепено го губат уделот во пазарот во определени производствени сегменти, зашто приватните банки често нудат поволни услови“, ја објаснува ситуацијата аналитичарот на банката „Уралсиб“ Наталија Берјозина. „Земајќи ја предвид моменталната состојба во економијата и очекуваното намалување на каматните стапки од страна на Централната банка, каматите за кредитите неминовно би морале да се намалат“, смирува експертот. 

Да потсетиме дека пред некое време Владимир Путин започна да „бара“ од владата и од бизнисмените рецепти за заживување на руската економија, чиј раст во првите пет месеци од годинава беше на ниво од 1.8%, без оглед на високата цена на нафтата. 

Користени се материјали на весниците МК и РБК Дејли.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња