Нуклеарното оружје останува гарант на суверенитетот на Русија

Ракетен комплекс „Топољ-М“. Извор: Виталиј Белоусов/РИА Новости.

Ракетен комплекс „Топољ-М“. Извор: Виталиј Белоусов/РИА Новости.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека врз стратешките нуклеарни единици и врз возушно-космичката одбрана лежи особена одговорност за зачувување на безбедноста на земјата.

Во сигурноста на нуклеарниот потенцијал на Русија не треба да се сомневаме, но земјата нема да влезе во нова трка за вооружување, изјави Владимир Путин во Сочи на советувањето посветено на државната програма за вооружување. 

На стратешките нуклеарни единици и на единиците за воздушно-космичка одбрана (ВКО) лежи особена одговорност за зачувување на безбедноста на земјата. „Пред сè ова се однесува на нуклеарното оружје кое останува да биде гарант за суверенитетот и за територијалната целост на Русија и кое игра клучна улога во одржувањето на глобалната и на регионалната рамнотежа и стабилност“, нагласи рускиот претседател.

Практично сите нуклеарни држави кои поседуваат офанзивни воздушно-воени системи, активно разработуваат системи за управување и усовршување на ефективни разузнавачки служби, потсети претседателот. „Ние немаме намера да влегуваме во нова трка за вооружување, за тоа зборував повеќе пати, но никој не треба да се сомнева во сигурноста и ефикасноста на нашите нуклеарни сили и на системот за воздушно-космичка одбрана“, додаде Владимир Путин. 

До 2020 година на техничко опремување на стратешките нуклеарни единици и на ВКО ќе биде одвоен голем дел од средствата наменети за државната програма за вооружување. Владимир Путин истакна дека плановите мораат да се исполнат во предвидениот рок. До 2020 година уделот на современото вооружување во нуклеарните единици би требало да биде 75-85%, а во воздушно-космичката одбрана не би требало да биде помал од 70%.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња