И повторно за визите

Сергеј Наришкин. Извор: ИТАР-ТАСС:

Сергеј Наришкин. Извор: ИТАР-ТАСС:

Посетата на делегацијата на Државната дума во Франција заврши со Големата руска-француска меѓупарламентарна комисија, на која се разгледуваше прашањето за соработката во економската, научната и во образовната сфера.

И повторно во Париз се постави прашањето за визниот режим. Претседателот на Државната дума им изрази благодарност на француските колеги за тоа што тие „заземаат мошне позитивна позиција“ и за тоа што воведоа механизам „кој ќе ја олесни процедурите за издавање визи за влез на руските државјани во Франција“. „Но, ние сметаме дека либерализацијата на визниот режим ги исцрпи сите свои можности. Дури и она што е веќе имплементирано не одговара на денешните потребите од гледна точка на раширување на човечките контакти“, - подвлече Наришкин. 

Задржувањето на визниот режим претседателот на Државната дума го смета за елемент на таканаречената „железна завеса“, која постоеше пред 25 години, но сега таа не постои, а елементот на таа завеса – визниот режим – остана. „И нашите партнери засега не ни излегуваат во пресрет“, - констатираше Наришкин.

Наришкин се надева дека Националното собрание на Франција наскоро ќе ја ратификува билатералната спогодба за посвојување деца. Државната дума веќе го направи тоа.

Коментирајќи друга тема на дневниот ред на меѓупарламентарната дискусија, за меѓународното посвојување, спикерот констатираше дека „постои целосна усогласеност на дејствијата помеѓу соодветните владини структури, кои се занимаваат со прашањата поврзани со посвојувањето“. Според Наришкин, „и од наша страна, и од француската страна нема никакви спорови во врска со ова прашање“. Наришкин се надева дека Националното собрание на Франција наскоро ќе ја ратификува билатералната спогодба за посвојување деца. Државната дума веќе го направи тоа. Секако, рускиот спикер не ја исклучи можноста за корекција на спогодбата, во случај Франција да ги озакони истополовите бракови.

Од руската страна прозвучи предлог во врска со овој настан да се организира меѓународна научна конференција под покровителство на претседателите на државите.

Веќе во Париз се разгледуваше прашањето за тоа како на меѓународно ниво да се одбележи 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна. Претседателот на Државната дума Сергеј Наришкин потсети дека на територијата на Руската Федерација постојат многу места кои се поврзани со настаните од оваа војна, како и со учеството на Русија во неа. Тука можат да се појават нови споменици. Спикерот вети да идејата да биде разгледана на заседание на рускиот организациски комитет за подготовка за 100-годишнината од Првата светска војна, кој го формира владата. Наришкин се согласи да застане на чело на овој комитет. Русија учествуваше во Првата светска војна и, како што сметаат во Франција, одиграла мошне важна улога во победата на коалицијата. Но, затоа самата се нашла во групата на губитниците. Од руската страна прозвучи предлог во врска со овој настан да се организира меѓународна научна конференција под покровителство на претседателите на државите. Наришкин исто така потсети дека Државната дума донела закон, со кој први август е внесен во календарот на датуми за паметење како ден на руските војници, кои загинале во Првата светска војна.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња