- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Иљја Рјепин всушност нема таква слика. Сликарот Лав Соловјов има слика „Монаси. Пристигнаа на погрешно место“, која најпрецизно го одразува значењето на наведениот идиом.
На неа се прикажани монаси кои со брод допловиле до брегот каде што се собираат голи капачки. И едните и другите се збунети и не знаат како да постапат во таа ситуација.
Регионален музеј на уметноста „Никанор Онацки“ во Суми wikidata:Q4446061
Платното е создадено во 1870-тите, а стана познато во советската ера, кога сликата беше изложена во Музејот на сликарството во Суми.
Зошто тогаш се припишува на друг автор? Приказната е дека во музејот таа била изложена заедно со платната на познатиот Репин, а според жанрот и реалистичниот стил им е слична, па така во народната свест останала поврзана токму со Репин. Добро е запаметена благодарение на нејзината хумористична содржина, така што овој израз се одомаќини во рускиот јазик.