„Хрушчов нé доведе до дршката! Рафтовите во продавниците се празни!“
„Мразам рутина! Можам да се ’уморам’ и да дојдам до дршката!“
„Тој толку вредно работеше што заспа во метрото. Дојде човекот до дршката“.
Веројатно од горните примери го разбравте значењето на фразата „да се дојде до дршката“.
Фразата „да се дојде до дршката“ на руски гласи вака: „дойти до ручки“. Изгледа малку чудно. На каква дршка се мисли и зошто е толку лошо да се стигне до неа?
„Дойти до ручки“ значи запаѓање во крајно тешка, речиси безизлезна ситуација или да доведување некого или нешто до толку тешка ситуација. Од човек кој „дошол до дршката може да се очекува сè затоа што тој повеќе не може да се помири со околностите или да излезе на крај со нив.
Продавач на калач, 19 век.
William CarrickВо Стара Русија била популарна уличната храна позната уште од средновековниот период, која се нарекувала „калач“. Тоа всушност бил свежо испечен ѓеврек за носење кој имал дршка! Ѓеврекот бил мек и вкусен, додека дршката била поцврста (и не била вкусна).
Во Стара Русија луѓето ја јаделе оваа „брза“ храна со незмиени раце и затоа не ја јаделе дршката, бидејќи се сметало дека не е чиста. Таа дршка можеле да ја фатат со валкани раце и пекарот или продавачот, а по нив и купувачот.
Вообичаено било калачот да се изеде, а дршката да се фрли или да им се остави на кучињата или на питачите. Дршката би ја јадел само човек кој е многу гладен и сиромав. За таков човек се велело дека „дошол до дршката“. Тоа биле луѓе кои немале избор.
Според друга верзија, овој израз потекнува од трговските кругови. Обично богатите трговци ги фрлале тие дршки. Меѓутоа, ако по празничната трпеза им останале многу „дршки“, а не ги фрлале туку ги оставале да ги јадат подоцна, тоа значело дека веќе не се богати, т.е. дека „дошле до дршката“ или дека околностите ги „довеле до дршката“.
Првичното значење всушност и нема претерано драматична конотација. Тоа едноставно значело дека некој има финансиски тешкотии. Меѓутоа, кога некој во денешно време ќе „дојде до дршката“, тоа значи дека тој повеќе нема никакви опции, дека го допрел дното и не може да се надева на ништо добро.
Има одредена разлика во значењето на „да се дојде до дршката“ и „да доведеш до дршката“ некого (руски: „довести до ручки“). Оваа втора варијанта имплицира дека некому му е наметната кризна состојба. Честопати се користи само првиот дел од изразот, на пример „донесен сум“ или „ме донесоа“ (руски „меня довели“), „ме донесе“ („она меня довела“), што значи „ме излудеа“, односно „таа ме излуди“. Но, тоа не значи дека човекот е доведен „до дршката“ (т.е. во безизлезна, кризна ситуација), туку до „точка на вриење“ („точки кипения“), кога трпението му е веќе при крај.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче