Македонија сака да учи руски

Македонците го сакаат рускиот јазик и се подготвени да го научат, а потврда за тоа е денешното доделување сертификати по руски јазик од бесплатните курсеви на Рускиот центар при УКИМ.

Просториите на Рускиот центар при УКИМ не беа доволно големи за да може одеднаш да ги прими сите оние кои ова година ги положија испитите по руски јазик на различни нивоа и со тоа се стекнаа со право на сертификат според програмата составена од Центарот.

Во големиот амфитеатар на Економскиот факултет при УКИМ денес во 13 часот започна свеченото доделување на сертификатите од бесплатните курсеви по руски јазик кои втор година по ред ги организира Рускиот центар. Годинава на отворениот повик за само два дена се пријавија 550 кандидати во Скопје и уште 80 во Охрид.

Покрај претставници од Рускиот центар, на церемонијата на доделување на сертификати беа присутни и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербак, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, како и претставникот на „Россотрудничество“ Артјом Румјанцев. Притоа сите ја потенцираа позитивната изненаденост од големиот број заинтересирани, како и од успесите што тие ги постигнаа во текот на овие две години.

И курсистите не останаа рамнодушни и им се заблагодарија на Рускиот центар при УКИМ и на Руската Федерација за можноста што ја добиле. Нивните искуства во овие две години, како што велат, се само позитивни и со нетрпение го очекуваат почетокот на новата академска година за да продолжат со часовите по руски јазик.

Прочитајте повеќе: Ова лето учете руски јазик бесплатно

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња