Рускиот Центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ во Скопје додели сертификати за руски јазик. 17 февруари 2017, Скопје, Македонија.
Емил НиамиНа настанот на курсистите им се обратија ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија н.е. Олег Николаевич Шчербак и директорот на Рускиот центар при УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски.
Во своето обраќање ректорот Јанкуловски го изрази своето задоволство од големата заинтересираност за изучување на рускиот јазик и од постигнатиот резултат на курсистите. Тој ја искористи и оваа можност уште еднаш да ја истакне својата безрезервна поддршка за работата на Рускиот центар при УКИМ.
„Горди сме што успеавме да ви пренесеме дел од знаењата, кај вас да пробудиме интерес за рускиот јазик, но и за руската култура, цивилизација, литература, историја... Секако, процесот низ којшто поминавте сите вие е само основата, минимумот што засега можеме да го понудиме. Како и да е, навистина ми претставува особена чест што по толку кус период сите вие успеавте да го поминете тестирањето и да се здобиете со соодветен сертификат за познавање на јазикот.“, истакна Јанкуловски.
Амбасадорот на РФ во РМ Олег Николаевич Шчербак, пак, го изрази своето големо задоволство од досегашната работа, како и од плодовите од неа. Тој ја искористи оваа можност да најави дека Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија ќе продолжи да го поддржува проектот за изучување на рускиот јазик во Рускиот центар при УКИМ.
„Рускиот и македонскиот јазик се како брат и сестра. Многу ми е драго што иницијативата за изучување на рускиот јазик предизвика толкав интерес и се надевам дека неговото изучување ќе продолжи и понатаму“.
Во своето обраќање кон присутните директорот на Рускиот центар при УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски го потенцираше значењето на рускиот јазик во глобалното општество.
„Со помош на јазикот може да се стане не само поет или писател, филолог или лингвист, сми и исклучително успешен бизнисмен, кој ќе може да спроведува сложени преговори во полза на изградбата на општеството и на сопствениот напредок“, истакна Стојковски.
Од Рускиот центар при УКИМ информираат дека курсевите ќе продолжат со уште поголем интензитет, со цел да им излезе во пресрет на сите пријавени кандидати, а вториот турнус започнува веќе на 20 февруари 2017 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче