Што студираат странците во Русија

Извор: ИТАР-ТАСС.

Извор: ИТАР-ТАСС.

Секоја година странските студенти добиваат сè поголеми можности за стекнување образование во Русија, не учејќи го притоа рускиот јазик.

Имам дваесет и пет години, од Луксембург сум, - вели Доминик Шеволет, студент на втора година на магистратура на факултетот за политикологија при Московскиот државен институт за меѓународни однос (МДИМО). Да дојдам во Русија, во земја чиј јазик не го знам, за мене беше еден вид предизвик“. 

Доминик е еден од илјадниците студенти кои студираат во Русија. Но, за разлика од многумина што студираат тука, тој не знае руски и не губи една година за подготвителна настава, на која би го научил јазикот за да може да започне да оди на предавања. Доминик е студент на магистратура, иако е можно да се започне и од неполно високо образование. 

Институтот за меѓународни односи и управување, кој годинава беше основан во рамките на МДИМО, реализира проект за додипломски студии кои во целост се на англиски јазик. Програмата пред сè е ориентирана кон странските матуранти. 

„Програмата за студирање на англиски јазик не е едноставна копија на рускојазичната програма на МДИМО“, појаснува Јан Васлависки, в.д. директор на Институтот за меѓународни односи и управување на МДИМО. „Освен општите дисциплини, програмата ќе опфаќа и историски контекст, затоа што ние подготвуваме професионалци, чија понатамошна работа, на еден или на друг начин, ќе биде поврзана со Русија. Затоа странските матуранти и доаѓаат во нашата земја“.

Освен домицилните професори, за организација на специјални предавања институтот кани експерти од големите странски и руски компании.

МДИМО може да ги привлече странските студенти, пред сè, со сериозниот кадровски потенцијал. Освен домицилните професори, за организација на специјални предавања институтот кани експерти од големите странски и руски компании. Но, најважното е тоа што МДИМО има познат дипломатски ресурс и може да поканува на предавања руски дипломати и амбасадори од странски земји. 

„На крајот ние добиваме висококвалификувани аналитичари и менаџери, кои се способни да работат во најразлични организации: во федерални или регионални претставништва, во меѓународниот бизнис или во меѓународни некомерцијални организации и така натаму“, уверен е Јан Васлависки. 

„Главниот плус на програмата, секако, е тоа што таа се одвива во целост на англиски јазик“, смета Доминик Шеволет. –„Тоа ми дава можност да ги користам ресурсите што ги имам стекнато на факултет изминатите години. Сега можам да обрнам внимание на проблемите кои порано ме интересирале, но овој пат можам да погледнам на нив од руска гледна точка“. 

Во 2010 година Дмитриј Медведев ги спои „Руската академија за државни службеници“ и „Академијата за национална економија“. Образовниот холдинг (РАНХиГС) кој беше добиен по спојувањето стана најголемата високообразовна институција во Русија според бројот на студентите, со 65 филијали.

Mагистратурата на ИБДА е меѓу трите најсилни програми во Источна Европа. Институтот влегува во списокот на Алијансата на меѓународни бизнис-школи на ЕРЅА, и токму таму нè наоѓаат странските студенти. 

Сега во РАНХиГС постојат две програми за магистратура, на кои студирањето се одвива во целост на англиски јазик. Првата е „Меѓународна англојазична магистратура“ (МАМ), која вклучува четири програми на менаџерска подготовка: „Глобални финансии“, „Управување со проекти“, „Меѓународен бизнис“ и „Управување со промени“. Втората магистратура е на „Институтот за бизнис и деловно администрирање при Претседателот на РФ“ (ИБДА), единствена руска програма за подготовка на меѓународни менаџери, која ја доби престижната европска акредитација за квалитет ЕРАЅ. 

„Европските пазари, искрено кажано, не растат особено“, вели Тејмураз Вашакмаѕе, виш предавач на катедрата за бизнис и менаџерска стратегија, директор на програмата за магистратура на ИБДА РАНХиГС. –„Од оваа гледна точка Русија е многу поинтересна за идниот меѓународен менаџер. Згора на тоа магистратурата на ИБДА е меѓу трите најсилни програми во Источна Европа. Институтот влегува во списокот на Алијансата на меѓународни бизнис-школи на ЕРЅА, и токму таму нè наоѓаат странските студенти“. 

„На моите предавања од дваесет и пет студенти, петнаесет се странци“, вели Евгенија Шамис, професорка на РАМХиГС и генерален директор на компанијата Sherpa S Pro. –„Некои од студентите доаѓаат да студираат самостојно, а некои ги испраќаат или се поддржани од владата на својата земја, На пример, минатата година на моите предавања доаѓаше студент од Турција кој во својата татковина работи во министерството за економија и е одговорен за врските со Русија. На ваквите студенти им е важно, меѓу другото, тоа што РАМХиГС е поврзан до државната служба“. 

Денес според англојазичната програма на ИБДА студираат дваесет странци, на магистратура на МАМ има само седум. За зголемување на странските студенти Академијата ја зголемува мрежата на факултети-партнери, кани странски професори, учествува на меѓународни конференции. 

Но, Москва не е единствениот град во кој може да дојде странски студент, кој не сака да троши време на учење руски јазик. 

Во Санктпетербуршкиот државен универзитет, освен образовните програми на англојазична магистратура кои се поврзани со бизнис, менаџмент, економија, меѓународни односи и социологија, во 2013 година беа додадени и програмите по новинарство, политикологија и екологија. 

„Оние странски студенти кои имаат цел да ја изучуваат руската култура, избираат хуманистички програми, литература, историја, филозофија и така натаму. Но, нивното изучување, како што знаете самите, е невозможно без изучување на рускиот јазик“, смета Егор Јаблоков, началник на Управата за организација за прием на студенти на Санктпетербуршкиот државен универзитет. –„Младите луѓе кои ги избираат нашите англојазични програми имаат други мотиви: речиси секогаш студирањето на програмите од областа на економијата и менаџментот е значително поевтино на руските факултети, одошто во Европа и во Америка“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња