Пет чекори за бесплатно студирање во Русија

Михаил Димитриев
Русија во 2016 година обезбеди 15 илјади места за странски студенти. Руската Федерација е една од ретките држави во светот која им овозможува на странците бесплатно да студираат на сите универзитети во земјата заедно со своите државјани.

Секоја година Русија објавува отворен конкурс за странските државјани кои сакаат да студираат на руските универзитети. Министерството за образование извојува места за основните академски студии, за мастер и за магистратура.

Што треба да направите доколку сакате да бидете еден од 15 илјади студенти во академската 2016/2017 година?

1. Регистрирајте се

Државната агенција „Россотрудничество“ која се занимава со прием и распоредување молби, оваа година во голема мера ја поедностави процедурата за поднесување молби за студии во Русија. За почеток треба да се регистрирате на сајтот Russia.study. Овој процес трае околу 10 минути.

2. Поднесете молба

По регистрацијата можете да напишете мотивациско писмо и да ја пополните анкетата во која треба да ги наведете податоците за вашето образование, личните постигнувања и саканата насока за студирање. Завршената анкета ќе дојде во заедничкиот список за вашата земја.

3. Почекајте одговор

Со изборот на кандидатите се занимаваат филијалите на агенцијата „Россотрудничество“ во многу држави низ светот, како и локалните министерства за образование. Со избраните кандидати се стапува во контакт за интервју или за тестирање.

4. Изберете универзитет

Доколку успешно сте го минале тестирањето, тогаш можете да изберете шест универзитети по желва и непосредно да им испратите молба. Доколку сите шест универзитети ја одбијат вашата молба, Министерството за образование на Русија има обврска да ви понудит студирање на некој друг универзитет.

5. Подгответе се за пат!

Кога универзитетот ќе потврди дека сте примени, а тоа обично се случува во јули, веќе можете да се подготвите за заминување во Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња