Сакате да студирате физика на Топ-100 руски универзитет? Продолжете да читате

Руските универзитети оставаат белег во глобалните рејтинзи

Руските универзитети оставаат белег во глобалните рејтинзи

Михаил Почуев/TASS
2 институции се најдоа меѓу Топ-100 на листата на Times Higher Education (THE) во категоријата физички науки. 4 универзитети, исто така, влегоа меѓу првите 200 во генералното рангирање.

Рејтингот на Московскиот институт за физика и технологија (МИФТ) се покачи. Во споредба со минатата година, универзитетот скокна 30 места и сега е 48 на годинешната листа на Топ 100 на THE во категоријата физички науки. Високиот успех на установата е поради подобрувањето на наставата и истражувањето, како и пошироката меѓународна перспектива.

„Со Проектот 5-100 [руска државна програма посветена на поддржување и зголемување на светската конкурентност меѓу руските универзитети] основавме повеќе од 50 лаборатории од 2014 година“, изјави за Russia Beyond-Македонија Виталиј Баган, директор за развој на МИФТ за Русија.

Универзитетот спроведува истражувања во некои од најнапредните полиња на модерната наука, објасни Баган. Овие области вклучуваат биофизика, создавање на компоненти за квантни компјутери и истражување на Арктикот, вклучувајќи и телекомуникации и автономно електроинженерство. Оваа година МИФТ, исто така, се најде на 42 место на рејтингот на Quacquarelli Symonds за физички науки (рангирање според британска образовна компанија).

Рускиот Национален истражувачки нуклеарен универзитет МИФИ се најде се најде меѓу првите 100 и оваа година, иако падна пет места - на 89 место. И покрај ова, универзитетот успеа биде пет години по ред на листата. Денес, 20 проценти од студентите на МИФИ се странци.

Севкупно, 4 руски универзитети влегоа во рејтингот ТОП-200 на  THE оваа година, вклучувајќи ги и Московскиот државен универзитет, Новосибирскиот државен универзитет, Томскиот политехнички и Санктпетербуршкиот државен универзитет.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња