Како руските универзитети заработуваат од странски студенти

Предавања по руски јазик на меѓународниот универзитетот Дружба на народите на Русија.

Предавања по руски јазик на меѓународниот универзитетот Дружба на народите на Русија.

Артјом Геодакјан / ТАСС
Поради падот на курсот на рубљата во однос на американскиот долар и на еврото образованието во Русија стана подостапно за странски студенти: како резултат на тоа, според експертите, руските универзитети почнаа да заработуваат повеќе.

Порастот на извозот на руски образовни услуги неочекувано го направи овој сектор позабележлив на фонот на други национални гранки со потенцијал за извоз. Причината лежи во сплетот од неколку настани.

Во ноември 2016 година најголемите руски универзитети, засегнати од привлекувањето на странски студенти, го започнаа проектот „Еден ден на дипломци“ кој ги обедини носителите на руски дипломи за завршено образование во целиот свет. Меѓу организаторите на акцијата беа московските високообразовни институции како што се Рускиот универзитет на дружбата на народите (РУДН), Високата школа за економија (ВШИ) и Московскиот државен универзитет (МГУ), а самата иницијатива беше лансирана од страна на Министерството за образование и наука на Русија во рамките на федералната целна програма „Руски јазик“.

Целта на новата иницијатива е да ги помага врските на дипломците од руските високообразовни институции со Русија. Според податоците на руското Министерство за образование станува збор за 1 милион дипломци од 160 земји во светот.

Поевтинувањето на рубљата е уште една причина за дополнителен прилив во руските високообразовни институции на странски доктори не само од подалечните земји, ами и од поранешните советски републики.

Во 2016 година специјалисти од Руската академија за народно стопанство и државна администрација (РАНХиГС) по нарачка на Владата ја анализираше состојбата на рускиот извоз на услуги за високото образование. Според добиените процени извозот на руското високо образование во последните десет години е зголемен за речиси три пати, измерен според бројот на странските студенти, доктори во сите форми и нивоа на обука: од 100.900 лица во 2004/2005 учебна година до 282.900 лица во 2014/2015 учебна година. А, количеството на привлечени средства се зголемило четири пати - од 356 милиони американски долари на 1/46 милијарди во 2015 година.

Вкупен број на студенти

Во 2014-2015 година бројот на странски редовни студенти бил 17.2% поголем во споредба со претходната година, а на вонредните студенти 6,1%, вели за „Руска реч на македонски“ професорот од Центарот за економија на континуираното образование при РАНХиГС Гуљнара Краснова. Според неа, годишниот пораст на студентите во редовните форми на обука од 2003 година е околу 9%.

Според бројот на странските студенти меѓу високообразовните институции традиционално водечки се Рускиот универзитет на дружбата на народите, Санктпетербуршкиот државен универзитет, Санктпетербуршкиот политехнички универзитет „Петар Велики“, Кримскиот федерален универзитет „В.И. Вернадски“ и Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, вели Краснова. Според неа, сепак, поголемиот дел од странските студенти во руските универзитети се од поранешните републики на СССР - уделот на претставниците на овие земји е 53%. Но во последно време ситуацијата почнува да се менува.

Според ректорот на Националниот истражувачки универзитет Владимир Замолодчиков во 2012 година руското Министерство за образование и наука за првпат започна мониторинг на универзитетите од гледна точка на нивната интернационализација и еден од овие индикатори станува токму бројот на странски студенти. Претходно ваков систем немаше. „Во 1946 година во Москва имало две високообразовни установи во кои активно се привлекувале странски студенти: Московскиот државен универзитет и Националниот истражувачки универзитет“, вели Замолодчиков.

За повеќето руски високообразовни институции привлекувањето странски студенти е релативно нов вид активност. „Искуство во привлекувањето на странски студенти за време на распадот на СССР практично немаше ниту една високообразовна институција во Русија. А, искуство во нивната обука и интеракцијата со нив имаа мал број универзитети“, вели Гуљнара Краснова. Работа е во тоа што во Советскиот Сојуз со прашањата на селекција и прием за студирање на странски државјани се занимаваше Министерството за високо и средно специјално образование на СССР, а подоцна - Државниот комитет на СССР за народно образование. А, универзитетите не учествуваа во овие процеси: во нивните функции влегуваше обуката и воспитувањето на странски студенти, одржување на врски со дипломците.

Влијание врз буџетот

Според Гуљнара Краснова голем дел од странските студенти (61.6%) во Русија се обучуваат по договор - околу 113 илјади лица, а од обука на странски студенти руските високообразовни институции во 2014-2015 година добиле околу 13.7 милијарди рубљи (215 милиони американски долари), вели таа. Впрочем во општиот буџет на руските високообразовни институции оваа сума е незначителна.

Неслучајно во 2016 година порталот за консултации во областа на личните финансии ValuePenguin.com состави листата на земји во светот според вредноста на образованието во нив за странци. Русија се рангира на 15 место од 24 земји со најевтино образование. „Во моментов годишно се издвојуваат околу 15 илјади квоти за обука на странски државјани во Русија на сметка на државниот буџет. Во последно време овој показател се зголеми три пати“, вели Владимир Замолодчиков.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња