До 2025 година во Русија ќе има 720 илјади странски студенти

Press photo
Руската министерка за образование и наука Олга Василева во ексклузивно интервју зборуваше за проектот „Извоз на образование“.

„Од 2017 до 2025 година планираме да го зголемиме бројот на странки студенти на 720 илјади. Проектот има високи цели. Тоа е популаризацијата на нашето образование, кое до неодамна беше едно од водечките во светот. Ги имаме сите основи и сите можности да го вратиме неговото значење“, изјави Василева. 
Според неа, и покрај амбициозноста на проектот, руското министерство е во состојба да го реализира, затоа што во Русија традиционално „се школуваше голем број на странски студенти“.

„Оваа традиција едноставно треба да се обнови, но на поефикасно и, можеби, сеопфатно, поинтензивно ниво. Засега основавме конзорциум кој го сочинуваат 39 високообразовни установи. Но во програмата учествуваат сите универзитети во Русија без исклучок. Овие 39 високообразовни установи кои го сочинуваат конзорциумот ќе им даваат методолошка помош на сите останати, но во проектот ќе учествуваат сите универзитети без исклучок“, објасни министерката за образование и наука на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња