Офицерите на рускиот „спецназ“ добиваат коњичка обука

Образование
РИНА БИКОВА
Во програмата за обука на командата на руските сили за специјална намена се воведени нови дисциплини, коњичка и обука во ридско-планински услови, изјави во интервју за „Краснаја Ѕвезда“ заменик-министерот за одбрана на РФ, генерал на армија Николај Панков.

„Задолжителните програми вклучуваат и стекнување конкретни знаења од доменот на борбената примена на авијацијата и артилеријата, така што секоја завршен питомец на воена високообразовна институција е комплетно обучен. Во програмата за обука на командата на специјалните единици се воведени нови дисциплини како што се коњичка и обука во планински услови“, изјави генерал Панков.

Како што истакна тој, задолжителни се и дисциплините како сајбер-безбедност и заштита на државните тајни. Во овој момент, инаку, во рамките на Министерството за одбрана работат 28 високообразовни институции и осум ограноци. Меѓу нив се три наставно-научни центри на Вооружените сили на РФ, 11 воени академии, воен универзитет, 12 воени школи и воен институт за физичка култура.