Спецназ 2: Силите за специјални операции подготвени за акција

Извор: О. Балашова / Прес-служба на министерството за одбрана на РФ.

Извор: О. Балашова / Прес-служба на министерството за одбрана на РФ.

Министерството за одбрана на РФ повторно ги формираше и ги подготви за дејствување Силите за специјални операции (ССО). Тоа се единици кои треба да решаваат борбени задачи како во Русија, така и надвор од нејзините граници, а кои во себе вклучуваат и вршење диверзии во длабока заднина на противникот и тргнување од местото на командирот на непријателските единици. Советската армија имаше 11 бригади од ваков тип.

Министерството за одбрана на РФ повторно ги формираше и ги подготви за дејствување Силите за специјални операции (ССО). Тоа се единици кои треба да решаваат борбени задачи како во Русија, така и надвор од нејзините граници. Ова го изјави началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, нагласувајќи дека воениот ресор донел ваква одлука по проучувањето на претходната практика на формирање, подготовка и примена на силите за специјални намени во водечките светски држави, а меѓу нив е најпозната Командата за специјални операции – U.S. Special Operations Command, USSOCOM или SOCOM.

Искуството на користење вакви единици во целост ја измени претставата за примена на специјалните единици и на методите за нивното борбено делување. Главната разлика е во тоа што денес командата ја дефинира само територијата на воените дејствија, а специјалната единица делува автономно на таа територија, самостојно определувајќи ги целите и задачите неопходни за постигнување на целта на операцијата. Во своето делување специјалците активно ги користат средствата за космичко и за тактичко набљудување, а во операциите се ангажираат и единиците на пешадијата, на военото воздухопловство и на воената морнарица. 

Таква беше, на пример, операцијата што SOCOM ја спроведе во Југославија, каде специјалните единици дејствуваа во заднина на југословенската армија, обезбедувајќи насочување на авијацијата и на крстосувачките ракети на стратешки важните инфраструктурни објекти во Србија и во Црна Гора. Такви беа и борбените дејствија во Ирак, Авганистан и во Либија, каде SOCOM настапуваше како истурен самостоен одред на американската армија, оспособен за самостојно уништување на непријателските живи сили и на инфраструктурата.

Во своето делување специјалците активно ги користат средствата за космичко и за тактичко набљудување, а во операциите се ангажираат и единиците на пешадијата, на военото воздухопловство и на воената морнарица. Извор: О. Балашова / Прес-служба на министерството за одбрана на РФ.

Советската армија имаше 11 бригади на Главната разузнавачка управа и овие единици беа слични на SOCOM. Еден дел од нив беше наменет за копнени воени дејствија, а друг за поморски операции. Специјалните единици на Главната разузнавачка управа покажаа висока ефикасност во Авганистан, во двете војни во Чеченија и во воените дејствија во Грузија во 2008 година.

Можеби ССО ќе бидат еден од одговорите на елементите ПРО што САД ги поставува во Европа. Ниту министерството за одбрана, ниту Генералштабот не даваат конкретни одговори на ова прашање и, очигледно, никогаш нема ни да ги дадат. Тоа е и разбирливо. Постоењето и делувањето на Главната разузнавачка управа отсекогаш било и ќе биде обвиено со таен превез. 

Искуството од последниот вооружен конфликт го поттикна Генералштабот да ја согледа неопходноста од реформи на специјалните единици на руската армија. Меѓутоа, тогашниот министер Анатолиј Сердјуков немаше слух за оваа иницијатива. Наместо тоа, тој реши на Главната разузнавачка управа на армијата да ѝ ги одземе вооружените формации, оставајќи ѝ ја само улогата на стратешки (агентурен, радиоелектронски и аналитички) разузнавачки набљудувач. На тој начин специјалните единици на Главната разузнавачка управа беа прекомандувани во воените окрузи и флоти, а освен тоа и бројот на припадници на овие единици беше значително намален. 

Итното формирање на посебна команда за специјални операции стана актуелно кога пред неколку месеци на чело на воениот ресор дојде Сергеј Шојгу. Во тоа време беа обелоденети и плановите на САД за зголемување на бројот на постојани специјални операции во странство. 

Според зборовите на еден ветеран од Главната разузнавачка управа кој сакаше да остане анонимен, сегашните иницијативи на Генералштабот претставуваат понатамошна еволуција на специјалните единици на Главната разузнавачка управа. Промените во пристапот меѓу другото се предизвикани и од американското искуство, како и од искуството на други армии во светот, во кои постојат слични борбени структури. „Треба да се оди во чекор со новите стандарди“, нагласи тој.

Еден дел од советските специјални единици беше наменет за копнени воени дејствија, а друг за поморски операции. Извор: О. Балашова / Прес-служба на министерството за одбрана на РФ. 

Судејќи според зборовите на Валериј Герасимов, задачите што ги решаваат ССО ќе бидат слични на оние што ги решаваа специјалните единици на Главната разузнавачка управа во советската армија: тактичко набљудување и укажување на целите, вршење диверзии во длабоката заеднина на противникот, тргнување од местото на командирот на непријателските единици и заземање на стратешко важни инфраструктурни објекти. Примената на Силите за специјални операции може да биде исто толку важна и за време на заштита на руските граѓани во странство, на пример на службениците на дипломатските претставништва во случај на избивање регионални конфликти или опасности од терористички напади. Ова се случи за време на ослободувањето на посадата на рускиот товарен брод „Московски универзитет“, кога тој беше запленет од пирати. 

Создавањето на Силите за специјални операции всушност претставува соединување на намалените вооружени формации на Главната разузнавачка управа под команда на Генералштабот и премин од решавање на тактички задачи од интерес на воениот округ или флота кон решавање на стратешки проблеми во интерес на државата. Заради тоа ССО во оперативна смисла ќе му бидат потчинети на началникот на Генералштабот. Но, ако биде потребно новите специјални единици да се преименуваат надвор од земјата, тогаш според „Законот за одбрана“ таква наредба може да издаде само врховниот командант, односно претседателот на Русија со согласност на државната Дума. 

Но, сепак, најважното и сè уште отворено прашање е зошто се формира ССО и на какви закани треба да им парираат? Нашиот соговорник од Главната разузнавачка управа не можеше да ни одговори на ова прашање, велејќи дека ја напуштил таа управа на почетокот на деведесеттите години од минатиот век, кога таа имала сосема поинакви цели и задачи. Може да се претпостави дека активирањето на Генералштабот на руската армија во правец на создавање на ССО е поврзано со претстојното заминување на американската војска од Авганистан и од потребата за спречување на продорот на исламските движења на територијата на поранешниот СССР.

Вежби на специјалните сили при Министерството за одбрана. Снимено од самите војници со GoPro Camera HD.

Можеби ССО ќе бидат еден од одговорите на елементите ПРО што САД ги поставува во Европа. Во секој случај, претходно споменатиот началник на Генералштабот Герасимов во повеќе наврати зборуваше за асиметричните мерки за спротивставување на американските иницијативи. Но, сево ова се само претпоставки. Ниту министерството за одбрана, ниту Генералштабот не даваат конкретни одговори на ова прашање и, очигледно, никогаш нема ни да ги дадат. Тоа е и разбирливо. Постоењето и делувањето на Главната разузнавачка управа отсекогаш било и ќе биде обвиено со таен превез.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња