Медиум: Русија го обнови меморандумот со САД за безбедно небо над Сирија

Во Сирија повторно важи меморандумот за безбедно летање меѓу Русија и САД.

Москва го обнови важењето на меморандумот за спречување инциденти меѓу Русија и САД на небото над Сирија. Одлуката за тоа била донесена на 13 април – еден ден по официјалната посета на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон на Моксва, пишува „Известија“ повикувајќи се на извори во МНР на РФ.

„Рекс Тилерсон, кога беше во Москва, се обрати до руското раководство со барање да се обнови важноста на договорот“, објасни соговорникот на изданието.

Важењето на меморандумот беше запрено на 7 април по ракетниот напад на САД врз сириската воздухопловна база Шајрат во провинцијата Хомс.

Тогаш портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека документот ја загубил смислата. Притоа тој истакна дека технолошките можности за размена на информации за напади во Сирија остануваат.

По преговорите со Тилерсон министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Владимир Путин ја потврдил подготвеноста на Москва да го врати меморандумот доколку Вашингтон ја потврди целта на борбата со тероризмот, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.