Портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова изјави дека соопштенијата во западните медиуми за тоа дека Русија наводно знаела за подготовката на нападот со хемиско оружје во Сирија се лага.
„Некои западни медиуми не престануваат да објавуваат лажни вести (за тоа дека Русија наводно знаела за подготовката на нападот со хемиско оружје) и просто некакви директни клевети“, изјави Захарова, пренесува „Взгљад”.
Таа исто така изјави дека тврдењата дека Русија наводно знаела дека се подготвува напад со хемиско оружје врз сирискиот град Хан Шејхун се неодговорни и неконструктивни.
„Веројатно, токму тие преку океанот знаеле дека терористите подготвуваат провокации и затоа однапред ги насочија своите крстосувачки ракети кон сирискиот аеродром Шајрат?“, се прашува Захарова.
Пентагон во понеделникот призна дека засега не се утврдени виновниците за нападот со хемиско оружје во сириски Идлиб.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче